Во 2018 многу потреси и пад на еврото
Објавено во: Економија 02 Јануари, 2018
Аналитичарите предвидуваат дека оваа 2018 година ќе донесе многу економски потреси, пад на еврото, но и пад на јуанот и тоа поголем од еврото.
Данската Саксо банка предвидува дека договори за нафта ќе се склучуваат во јуани.
Според нив се очекува појава на нова валута - петрол јуан.
Од банката велат дека ако еден се богати, тогаш други ќе осиромашуваат, а тука спаѓа и еврото кое ќе има пад.
Според прогнозата во Африка ќе се подобри животот.
Се смета дека оваа година главни во бизнис светот ќе бидат жените.