26 Април, 2024
0.0317

Во 2020 вкупно одобрени биле околу 180 милиони евра за спас на фирмите од Ковид-19, најмногу давала Владата

Објавено во: Економија 12 Април, 2021

Добивај вести на Viber

Државата со околу 180 милиони евра севкупно ги помогнала претпријатијата, односно стопанството, во справувањето со Ковид-19 во текот на 2020, доколку се земат посебните ставки за доделување на државна помош што ги објави Комисијата за заштита на конкуренцијата во годишниот извештај.

Владата одвоила најмногу пари и за неа биле одобрени директни исплаќања на 146 милиони евра од вториот сет мерки како „финансиска поддршка на правните субјекти од приватниот сектор погодени од здравствено-економската криза предизвикана од вирусот КОВИД-19“.

На второто место е Министерството за труд и социјална политика за субвенционирање на исплатата на придонеси од задолжително социјално осигурување за време на вонредна состојба. Биле одобрени 7.851.220 евра за исплата на придонесите на фирмите кои би се одлучиле за оваа помош, наместо за помош за исплата на нето-плати.

На Фондот за иновации и технолошки развој му биле одобрени кофинансираните грантови за надминување на последиците од КОВИД-19 во висина од 3.252.033 евра, а за Министерството за економија била прифатена уредбата за финансиска поддршка за зајакнување на конкурентноста на компаниите во текот на пост КОВИД 19 од 19,5 милиони евра, иако не е познато кога овие пари треба да се исплатат. За Министерството за економија во овој контекст била прифатена и предлог-програмата за конкурентност, иновации и претприемништво од  650,5 илјади евра.

Вкупно од три наврати во висина од 2.870.000 евра биле планираните бескаматни кредити на Развојната банка за претпријатијата. Агенција за млади и спорт за помош на спортисти дала 487,8 илјади евра како мерка за справување со коронавирусот, додека Министерството за култура за регистрирани уметници планирало исплата од 66,4 илјади евра.

Станува збор за вкупната сума на одобрена планирана државна помош за 2020 година од страна на комисијата, а очекувано најмногу пари се исплаќале во категоријата за планирано доделување на државна помош за отстранување на потешкотиите во домашното стопанство а со цел справување со состојбата предизвикана од епидемијата на коронавирусот КОВИД-19.

„Поради светски настанатата здравствено-економска криза предизвикана од вирусот КОВИД-19, се доделувала државна помош преку реализирање на проекти со кои се отстрануваат потешкотиите во домашното стопанство. Беа реализирани поголем број на проекти од страна на давателите на државната помош  поврзани со надминувањето на последиците од КОВИД-19“, велат од Комисијата за заштита на конкуренцијата.

А.К.


Можеби ќе ве интересира

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто