26 Април, 2024
0.0287

ВО БАНКА ДА СЕ ОДИ САМО АКО МОРА - во терминот од 10 до 12 за пензионери, другите да се воздржат

Објавено во: Финансии 08 Април, 2020

Добивај вести на Viber

Народната банка се јави, откако деновиве може да се видат огромни метежи пред нивните филијали и луже доближени еден до друг, наместо да се почитува раздалеченоста од 1,5 до 2 метри. 

Заради заштита на јавното здравје, од централната банка апелираат.

Филијалите и експозитурите на банките да се посетуваат само кога тоа е неопходно и неодложно.

Од утре, во терминот од 10 до 12 часот, кога е дозволено движење на лицата над 67 години, граѓаните коишто се во други возрасни групи да се воздржат од посета на филијалите и експозитурите. Во овој термин да се даде приоритет на повозрасните граѓани коишто имаат неопходна потреба од банкарски услуги, тоа да го сторат навремено и без да се загрози нивното здравје. Граѓаните коишто се во други возрасни групи, доколку имаат неодложна потреба од посета на банките, тоа да го сторат пред 10 или по 12 часот;

При една посета да се реализираат сите банкарски услуги за коишто клиентот смета дека е потребно физичко присуство во филијалите и експозитурите;

Да се настојува што повеќе да се користат услугите за електронско и мобилно банкарство;

·Доколку имате неопходност од посета на филијалите и експозитурите на банките, замолуваме да се почитуваат препораките за соодветна раздалеченост и за самозаштита;

Да се почитуваат насоките дадени со цел преку чекањето пред филијалите и експозитурите да не се загрози здравјето;

Секаде каде што е можно, при плаќање да се користат платежните картички.

„Ние сме во интензивна комуникација со банките, со конкретни предлози и решенија за да се надминат проблемите коишто беа актуелни изминатите денови, кога при исплатата на пензии и на социјална помош, бројот на граѓаните коишто ги посетуваат филијалите и експозитурите е зголемен. Истовремено, за овие предлози и решенија веќе дискутираме и со претставници на локалната самоуправа и на општинските кризни штабови, за да се примени пристап којшто ќе даде најдобар и најефикасен резултат“, велат од НБМ.

Велат дека максимално се заложуваат за системско решение коешто ќе биде спроведено за организирање на работата на банките при следните исплати на пензии и на социјална помош, процесот да се одвива поефикасно и без проблеми како во текот на изминатите неколку дена.

Граѓаните коишто се корисници на пензија и на социјална помош, пред следните исплати, навремено ќе бидат известени на организацијата на работата на банките.

„Апелираме во текот на претстојниот период, сите граѓани да се придржуваат до препораките за соодветно користење на банкарските услуги без да се загрози јавното здравје“, велат од НБМ.

Можеби ќе ве интересира

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈСТАРАТА МАКЕДОНСКА БАНКА СЛАВИ 80 ГОДИНИ, А ИМА И УБАВА ВЕСТ - еве како оствари чист профит поголем од 14 милиони евра

НАЈСТАРАТА МАКЕДОНСКА БАНКА СЛАВИ 80 ГОДИНИ, А ИМА И УБАВА ВЕСТ - еве како оствари чист профит поголем од 14 милиони евра

„НОЌЕВАЊЕ ВО ОХРИД ЗА ДВЕ ИЛЈАДИ ДИНАРИ“: Еве како српски „Б92“ им го претстави македонскиот бисер на Србите

„НОЌЕВАЊЕ ВО ОХРИД ЗА ДВЕ ИЛЈАДИ ДИНАРИ“: Еве како српски „Б92“ им го претстави македонскиот бисер на Србите

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

САМО НЕБОТО Е ЛИМИТ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ БАНКИ! Која од нив објави 19 милиони евра профит за три месеци?

САМО НЕБОТО Е ЛИМИТ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ БАНКИ! Која од нив објави 19 милиони евра профит за три месеци?

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

РАБОТАТ ОД ДОМА, А СААТНИЦАТА ДОСТИГНУВА 200 ЕВРА: Ова е список на работни места за кои многумина сонуваат

РАБОТАТ ОД ДОМА, А СААТНИЦАТА ДОСТИГНУВА 200 ЕВРА: Ова е список на работни места за кои многумина сонуваат

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

АМЕРИКА МОЖЕ ДА СЕ СООЧИ СО СТАГФЛАЦИЈА: директорот на JPMorgan Chase предупредува „економијата на САД се враќа на проблемите од 70-тите“

АМЕРИКА МОЖЕ ДА СЕ СООЧИ СО СТАГФЛАЦИЈА: директорот на JPMorgan Chase предупредува „економијата на САД се враќа на проблемите од 70-тите“