ВО БЛИЗИНА НА РЕСЕН: Meчка е ослободена откако се фатила во стапица

Објавено во: Македонија 04 Април, 2025 22:38
Стручни лица ослободија мечка фатена во замка во близина на Ресен.
Регионалниот ЦУК Битола, соопшти дека преку Единствениот број за итни случаи 112 во ЦУК е добиена пријава за заробено диво животно како последица од поставена криволовна замка во атарот на помеѓу селата Љубојно и Брајчино (Општина Ресен).
Пријавителот претпоставил во пријавата дека најверојатно се работи за мечка поради гласното рикање што се слушало во непосредна близина на мостот на Брајчинска Река.
ЦУК веднаш ја извести Граничната полиција Маркова Нога, Полициска станица Ресен, Концесионерот – ловното друштво и други субјекти за понатамошно постапување.
По интервенцијата на надлежните служби од Концесионерот -Ловното друштво, со присутен ветринар, од НП „Пелистер“ и од полицајци од МВР мечката е успиена и безбедно ослободена.
Можеби ќе ве интересира
ЧЕТИРИ ПАЦИЕНТИ ОД БУГАРИЈА СЕ ВРАЌААТ ДОМА - кај соседите се уште има повредни од пожарот во Кочани

ИСЧЕЗНА ПОВОЗРАСЕН ЖИТЕЛ НА СЕЛО СТЕПАНЦИ - последен пат бил виден во саботата

„НИЕ НЕ СМЕ НАЈБОГАТАТА ПАРТИЈА ВО НАЈСИРОМАШНАТА ДРЖАВА“: Левица се огласи со појаснување - имотот е купен од банка

„АКО Е ТАКА, СУПЕР, ПАРТИЈАТА МОЖЕ И ЌЕ СЕ ВРАТИ ОД МРТВИТЕ“: Колозова за понудата на Филипче до власта

ПО ПРЕСУДАТА ЗА ТАМАРА СЕ ОГЛАСИ КОСТАДИНОВСКА, ЧЛЕН НА БЕНДОТ НА ДНК: „Доста е!“

Филмска приказна на Македонката Ана Џорџеф: Се омажив за Американец, имавме успешни кариери, го продадовме целиот имот и решивме со децата да живееме во Македонија

„НЕМАМ ПОИМ КАДЕ Е АРТАН ГРУБИ“: Адеми вели дека не знае каде е поранешниот прв вицепремиер
