20 Декември, 2025
0.0509

Во Црна Гора организираат натпревар во одморање – За „најмрзливиот“ 200 евра

Објавено во: Балкан 20 Август, 2013 15:22

Добивај вести на Viber

Натпреварување во одмарање под слоганот „има леб без мотика“  организираат сопствениците на етно селото „Монтенегро“ од Брезан во Црна Гора.

Сите заинтересирани „мрзливци“ може да се пријават за натпреварот кој во тоа етно село ќе се одржи на 30-ти август. Победникот ќе добие награда од 200 евра.

„Пропозициите се јасни, на натпреварувачите им е дозволено да пијат вода и да јадат, но не им е дозволено да стануваат од местото за одмор без разлика на поводот, па макар и да имаат физиолошки потреби. Натпреварувачот кој ќе издржи најдолго да се одмора под сенка е победник, а ќе има и парична наградата“, рекол сопственикот на етно селото, Микоња Благојевиќч, и додал дека за натпреварувачите кои доаѓаат од сранство им е обезбедено сместување по ниски цени.

Тој ги повика сите политичари и доктори и останати да се пријават за да може да заработат без да платат нешто.

Дека Црногорците навистина се добри во одмарање, покажа ланскиот натпревар, каде после 24 часа четворицата „најиздржливи“ решиле да си ја поделат наградата, за натпреварот да не трае со денови.

 

Можеби ќе ве интересира

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација