ВО ЦРНА ГОРА ПЛАТИ ДО 2500 ЕВРА: Со една работа мора да се помирите
Објавено во: Економија, Балкан 29 Мај, 2017
Во Црна Гора најдобро се платени готвачите кои земаат од 600 до 2500 евра плата, а собарките и хигиеничарките од 300 до 400 евра.
Иако сите мислат дека сезоната почнува од јуни и трае до септември, во некои градови таа е подолга.
Најголем дел од сезонците се Срби.
Дозвола за работа лесно се добива и треба да приложите доказ дека не сте казнувани. За дозвола се чека од 15 до 20 дена.
Работа има во Будва, Бар, Улцињ, а се работи за период од 6 месеци.
Се бараат келнери, готвачи, шанкери, бармени, собарки, хигиеничари, рецепционери.
Покрај плата за работниците се обезбедени сместување и храна.
Се смета дека во Црна Гора работат 40.000 сезонци и тоа од Србија, Македонија и БиХ.