Во Хрватска поедноставно до отказ отколку до пензија – 67 години или 41 година работен стаж
Објавено во: Балкан 21 Август, 2013 10:18
Во Хрватска за целосна пензија ќе бидат потребни 67 години живот или 41 година работен стаж, најави денеска министерот за труд и пензиски систем Мирандо Мрсиќ.
Тој рече дека од наредната година во целосна пензија можат да одат работници кои сега веќе имаат 41 годинa стаж, а немаат доволна возраст за пензионирање.
Согласно Нацрт-законот за труд, отказ би можел да добие работник кој не прифаќа пониска плата, бидејќи е поедноставена процедурата за откази, додека на работодавците им се отвора можност за воведување флексибилно работно време - до 60 часа неделно.
Од друга страна, работниците би можеле да покренат штрајк, и во случај платата да им доцни само еден ден.
Мрсиќ наведе дека со новиот закон за труд, кој би требало да стапи во сила од 1 јануари 2014 година, ќе се настојува максимално да се заштитат работниците, а на работодавците ќе им се овозможи полесно да ги реструктуриаат претпријатијата.
Министерот најавил и забрзување на постапката во работните судови за подобра заштита на работничките права.
Можеби ќе ве интересира
Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




