19 Мај, 2024
0.0327

ВО КОЈ ГРАД ГИ ИМА НАЈМНОГУ: Еве каде живеат светските милијардери

Објавено во: Економија, Стил 29 Октомври, 2015

Добивај вести на Viber

Десет одсто од најбогатите луѓе на светот држат 87,7 одсто од светското богатство, а еден одсто од тие луѓе има повеќе од половина светски финансии во своја сопственост.

Одговорот на прашањето каде живее најголем број светски милијардери и не е изненадувачки.

Како адреса на примарен престој најголем број милијардери има во Њујорк и тоа е официјално од 2015 година. Њујорк е град домаќин за 78 светски милијардери.

Вкупниот број на милијардери во САД изнесува 541, а најголем процент од нив е во „Големото јаболко“.

После Њујорк на ред е Москва. Повторно без изненадување, која е резиденцијата на 68 милијардери. 68 од нив заедно имаат 333,9 милијарди долари. Во просек тоа е богатство од 4,79 милијарди по лице.

Број три на листата градови со најголем број милијардери е Хонг Конг . Овој град се смета и за глобален финансиски центар во последно време, а инетресно е тоа дека повеќето милијардери од Хонг Конг всушност се сопственици на казина.

Единствен град од Европа на оваа листа во кој живеат најмногу милијардери е Лондон. Тој е дом за 46 лица со енормно богатство, чија здружена количина на имот брои 133,9 милијарди долари.

Пекинг е пети а во него живеат 45 милијардери. Еден одсто од вкупниот број на милијардери во Кина се од Пекинг,а воедно и градот во кој процентуално најмногу луѓе на светот се збогатуваат.

Дубаи брои 34 домови на сопственици милијардери. Овој град еднаш годишно произведува еден милијардер, а третина од најбогатите лица на  Средниот исток живеат токму во Дубаи.

Мумбаи или поранешен Бомбај во Индија брои 33 милијардери. Цела Индија има 68 милијардери, а малку помалку од половината од нив живеат во главниот град.

Прогнозите и пресметките велат дека Иднија во следните 10 години би требало да ги зголеми двојно своите милијардери.

Можеби ќе ве интересира

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?