18 Мај, 2024
0.3352

ВО МАКЕДОНИЈА ЌЕ ИМА САМО РИГОРОЗНА КОНТРОЛА НА КОВИД-СЕРТИФИКАТИТЕ: Владата не ги усвои предложените антиковид мерки, бара дополнителни анализи

Објавено во: Македонија 26 Ноември, 2021

Добивај вести на Viber

Откако на владината седница не беа усвоени антиковид мерките кои пред околу две недели ги предложи Комисијата за заразни болести, а се однесуваат на што поголем опфат на вакцинација против ковид-19, во јавноста има низа реакции од луѓето кои веќе се вакцинирани и кои сметаат дека со неодговорното однесување на граѓаните и со нискиот процент на имунизација, во Македонија епидемијата на овој вирус ќе трае со години.

-Додека во светот, имунизацијата против корона вирусот станува задолжителна, а еве од вчера дури и бустер дозата во Франција за возрасните над 18 години ќе стане задолжителна, нашата Влада бара дополнителни анализи за да ги усвои антиковид мерките. Не знам зошто им се потребни дополнителните анализи. Секој ден имаме во просек над 400 новозаразени, болниците пак се полнат. Се шетаат позитивни насекаде, ги нема во системот бидејќи прават дома тестови купени од аптека, и секако за нив не постои решение за изолација. За каква контрола зборуваат надлежните навистина не знам. И кога остатокот од светот ќе заборави дека имало епидемија на ковид, ние тука уште ќе се нервираме, револтирано говори професорка по биологива, во едно од средните училишта во Скопје, нагласувајќи дека голем дел од нејзините колеги не сакаат да се вакцинираат, ниту пак нешто значајно ги почитуваат општите мерки на заштита.

И дел од медицинскиот кадар реагира на неусвојувањето на мерките, особено на онаа која се однесува на тоа, вакцинацијата против ковид да стане задолжителна за сите здравствени работници.

-Се вакцинирав уште веднаш кога стигнаа првите пратки вакцини во Македонија. Сега ја примив и бистер дозата. Ковид не прележав и ако треба за шест месеци пак ќе се вакцинирам. Работам со болни луѓе и сметам дека секој здравствен работник треба да има толку свест, за да разбере дека освен што себе се става во ризик да се зарази, ги става во ризик и своите пациенти. Не се сите болни од ковид кои ми доаѓаат на преглед, зошто некој од нив, токму од мене да се зарази. Имам и хронично болни пациенти кои досега успешно се штитат од заразата. Сите се вакцинирани, а освен тоа и доследно ги почитуваат мерките. Не можам да ги разберам голем дел од моите колеги, а има и лекари и медицински сестри кои по секоја цена ја одбиваат вакцинацијата. Да не зборувам колку луѓе знам со фалсификувани потврди. Единствено, би рекла дека можеби престрога е предложената мерка за луѓето кои ја прележаа болеста. Некои од моите пациенти, кои беа заразени во пролетниот бран, се уште имаат убави антитела. Тие се впрочем и се најзаштитени, и никако не ја пренесуваат инфекцијата. Ми носат анализи од крв за направени антитела и ме прашуваат дали да се вакцинираат, но кога ќе видам вредности над 300, 400, 500, некои имаат и над 700, велам дека нема потреба. Тука треба властите да реагираат, за оваа мерка. Да не ги приморуваат да се вакцинираат по само месец и пол од прележувањето на болеста. Би требало да остават најмалку 4 до 6 месеци, вели во изјава за Фактор, матична лекарка во една од приватните ординации.

А, вчера Владата одлучи да побара од Комисијата за заразни болести дополнителни анализи и компаративни студии за предложените мерки, но и предлози за дополнителни мерки за поттик за масовна вакцинација. Во очекување на дополнителните анализи, Владата ги задолжи ресорните министерства и инспекциски служби да ги вложат сите капацитети и да ги зајакнат примената и контролата на спроведувањето на сите активни мерки за заштита од КОВИД-19, а особено на системот на проверка на сертификатите за вакцинација, ПЦР тестовите и потврдите за прележана инфекција со КОВИД-19 низ ригорозна проверка на идентитетот на лицата кои ги прикажуваат овие документи за пристап во објектите каде што е тоа задолжително.

Анита Буховски 


Можеби ќе ве интересира

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

ТАРАВАРИ: Се очекува до петок да се постигне финален договор за формирање на Влада

ТАРАВАРИ: Се очекува до петок да се постигне финален договор за формирање на Влада