Во нацрт-заклучоците од Советот на ЕУ нема датум за преговори?
Објавено во: Македонија 07 Јуни, 2019
Нема датум за преговори со Македонија во нацрт-заклучоците од претстојниот Совет на ЕУ, јави дописничката на МИА од Брисел.
ЕУ признава дека Македонија ги исполнила условите за почеток на преговори. Земјите членки на ЕУ ги набројуваат во детали исполнетите услови поставени лани, како што се реформите во судството, во разузнавачките служби, јавната администрација и борбата против корупцијата.
Уште еднаш ги поздравуваат билатералните договори со Бугарија и Грција, и потенцираат дека Преспанскиот договор е „пример за другите во регионот“.
Овие нацрт-заклучоци, кои треба да бидат разгледувани и на експертско, амбасадорско и министерско ниво, не се конечни, но засега шансите за консензус помеѓу земјите членки за одредување датум за преговори се минимални.
Германскиот весник „Зидојче цајтунг“ денеска објави информација дека германската канцеларка Ангела Меркел се изјаснила негативно за брзо давање датум за преговори на Македонија.
Политико пак пишува дека Македонија треба да го убеди францускиот претседател, Емануел Макрон дека заслужува почеток на преговори.
Ако нема датум за преговори, премиерот Зоран Заев најави оставка и нови избори./