26 Јуни, 2024
0.0377

„СÈ ПОДАЛЕКУ ОД ЕУ, СÈ ПОБЛИСКУ ДО БУГАРИЗАЦИЈА“: Левица за Преспанскиот договор

Објавено во: Македонија 17 Јуни, 2024

Добивај вести на Viber

Со Преспанскиот договор, владејачките елити од двете страни на границата, поддржани од европските бирократи, директно го прекршија цивилизациското право на самоопределување на македонскиот народ!, велат од Левица.
Наметнатото и нелегитимно име на државата не е прифатено од обичните граѓани на Република Македонија и не може да биде никаков гарант за просперитет или помирување помеѓу двата народа! Реалноста во која живее македонскиот народ, шест години по потпишувањето на срамниот т.н. Преспански договор, ги исфрли на виделина сите ноторни лаги на домашниот и странскиот политичкиот естаблишмент, изнесени за време на кампањата за промена на уставното име на Република Македонија!“ нагласуваат од партијата и додаваат дека „референдумското прашање за промена на уставното име на Република Македонија беше формулирано со капциозно прашање, проследено со агресивна милионска пропаганда и при такви услови, опресорот едвај успеа да обезбеди 36% излезност на референдумот“.
Од Левица велат дека самиот начин на кој беше извршена промената на името, преку амнестии за тешки криминали, погазување на народната волја и ослободување на криминалци и затвореници, резултираше со прогласување на Македонија за хибриден режим.

„Шест години подоцна, Македонија не само што не е членка на ЕУ, туку се чини дека сме сè подалеку од ваков резултат!

Уценувањата за кои се ветуваше дека нема да постојат, денес се основен дел на агресивната бугарска политика, каде ЕУ повторно поддржува насилничко поведение, овојпат преку т.н. француски предлог, кој дополнително го ревидира македонскиот идентитет. Сепак, и утре да се случат бараните уставни измени, резултатот ќе биде ист - Македонија ќе остане надвор од ЕУ, додека земјата ќе се користи како полигон за империјалистичките потреби на НАТО, кои се финансираат директно од џебот на граѓаните.

Помирување и солидарност помеѓу народите се гради единствено преку почитување на националното право на самоопределување на секој народ и соработка на работничката класа, а не преку уцени и национал-шовинистички политики, поддржани од империјалистички пакт којшто врши супресија на помалите народи.

Раководството на ЕУ е должно да го променат политичкиот курс што го водат кон Македонија! Во спротивно, како се зголемуваат неразумните барања на нашите соседи, така евроскептицизмот во државава дополнително ќе расте, додека идејата за обединета Европа станува сè поневозможна.

Една држава не може да биде слободна, доколку своето внатрешно уредување го гради поради опресија вршена од други држави! Договорите донесени заради лукративните интереси на домашните и странските моќници, не се народни, туку ништовени.

Македонија има право на интеграција во меѓународните организации еднакво како и сите останати држави, без притоа да толерира некакви историско-ревизионистички и национал-шовинистички барања од нашите соседи“, велат од партијата.



Можеби ќе ве интересира

Пеева Лауренчиќ: На СДСМ во моментов не му помага маркетинг, туку соочување сами со себе

Пеева Лауренчиќ: На СДСМ во моментов не му помага маркетинг, туку соочување сами со себе

МВР ПОДНЕСЕ КРИВИЧНА ПРОТИВ ИБРАИМОСКИ - го теретат за згрозување на сигурноста, ден претходно тој тврдеше „се замајува јавноста“

МВР ПОДНЕСЕ КРИВИЧНА ПРОТИВ ИБРАИМОСКИ - го теретат за згрозување на сигурноста, ден претходно тој тврдеше „се замајува јавноста“

БОРИСОВ СЕ ЗАКАНИ: „Без нашата и поддршката од Грција, РСМ немаат шанси за ЕУ“

БОРИСОВ СЕ ЗАКАНИ: „Без нашата и поддршката од Грција, РСМ немаат шанси за ЕУ“

КРИВИЧНА ЗА ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Ја поднесе Синдикатот на полицијата, еве за што се работи

КРИВИЧНА ЗА ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Ја поднесе Синдикатот на полицијата, еве за што се работи

СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ не ги почитувале препораките на ДЗР, само Алтернатива реализирала

СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ не ги почитувале препораките на ДЗР, само Алтернатива реализирала

„ВО РСМ ПОЛИТИЧКАТА КЛАСА ИМА СТРАВ ОД „БУГАРИН“ И „БУГАРСКИ“: Радев гневен на македонските политичари

„ВО РСМ ПОЛИТИЧКАТА КЛАСА ИМА СТРАВ ОД „БУГАРИН“ И „БУГАРСКИ“: Радев гневен на македонските политичари

Мицкоски ја пријави имотната состојба: Куќа од 440.000, швајцарски часовници од 52.000 евра

Мицкоски ја пријави имотната состојба: Куќа од 440.000, швајцарски часовници од 52.000 евра

ЗАТРУПАН РЕГИОНАЛЕН ПАТ, ОШТЕТЕНИ АПАРАТИ ВО ДОМОВИТЕ: бројни штети во Свети Николе и Неготино, екипите веднаш реагираа

ЗАТРУПАН РЕГИОНАЛЕН ПАТ, ОШТЕТЕНИ АПАРАТИ ВО ДОМОВИТЕ: бројни штети во Свети Николе и Неготино, екипите веднаш реагираа

ФАКТОР ДОЗНАВА ЗОШТО НЕ ФУНКЦИОНИРА ЕДИНСТВЕНИОТ АКВА ПАРК ВО СКОПЈЕ: Не е профитабилен и има многу нелогичности кои не го оправдуваат неговото постоење

ФАКТОР ДОЗНАВА ЗОШТО НЕ ФУНКЦИОНИРА ЕДИНСТВЕНИОТ АКВА ПАРК ВО СКОПЈЕ: Не е профитабилен и има многу нелогичности кои не го оправдуваат неговото постоење