ФИЛМСКА НЕСРЕЌА НА ЖЕЛЕЗНИЧКА ПРУГА ВО ВЕЛЕС-ГРАДСКО: Возило излетало, па се заглавило на пругата, пожарникари и полиција се бореле да ги извлечат патниците
Објавено во: Македонија 17 Јуни, 2024
Едното од лицата, според соопштението на ЦУК, било потешко повредено и се наоѓало во возилото кое било заглавено на железничката пруга
Две лица вчера биле извлечени од патничко возило откако излетало од регионалниот пат Велес-Градско и се заглавило на блиската железничка пруга, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Оттаму велат дека возилото излетало од патот поради неприспособена брзина, по што нивните екипи во брза спасувачка акција ги извлекле двете повредени лица.
Акцијата морала да се заврши во определено време, односно до наредно поминување на возот на овој дел од пругата.
„Акцијата беше ограничена со време. Покрај пожарникарите, на терен интервенираа и полицијата, итната медицинска помош и екипите на АМСМ и на ЈП ‘Македонски железници‘“,велат од ЦУК.
Едното од лицата, според соопштението на ЦУК, било потешко повредено и се наоѓало во возилото кое било заглавено на железничката пруга.
„Хаварисаното возило мораше да се отстрани брзо од пругата до наредното поминување на возот Велес-Градско, односно во период од 15 до 17 и 30 часот“,информира ЦУК.
Повредените лица биле пренесени во велешката болница.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.