27 Април, 2024
0.0257

Во недела на небото не очекува спектакуларна појава!

Објавено во: Стил 25 Септември, 2015

Добивај вести на Viber

Целосно помрачување на Месечината заедно со така наречената супермесечина е спектакл кој се очекува во неделата навечер или рано во понеделник, зависно од тоа кој каде се наоѓа на планетата што е комбинација која не е видена од 1982 година и нема да се повтори до 2033 г, соопштила американската вселенска агенција.

Таканаречената супермесечина се случува кога полна Месечина или млада Месечина се наоѓа најблиску до Земјата. Иако тоа и понатаму е оддалеченост од околу 350 000 километри, Месечината ќе изгледа поголема и посјајна отколку обично.

Целосно помрачување на Месечината ќе трае повеќе од час и ќе биде видливо, ако временските прилики дозволат, од Северна и Јужна Америка, Европа, Африка и западна Азија.

Во Европа Меселината, Земјата и Сонцето ќе се наредат еден зад друг пред зора во понеделник, од 4.11 до 5.23 ч по централноевропско време.

Месечината не произведува сопствена светлина туку ја добива од Сонцето. Рано во понедленикот Месечината ќе биде во совршено ниво со Сонцето и Земјата.

Supermesec-iznad-Medakovica

-Ќе имаме целосно помрачување бидејќи целата Месечина ќе биде прекриена сосенката на Земјата - рекол Паскал Декам, астроном од Париската опсервација.

Пред очите на набљудувачите Месечината ќе исчезне , бидејќи на неа повеќе не паѓаат зраците на Сонцето и повоторно ќе се појави обоена во црвена, поради што уште ја нарекуваат и „Црвена Месечина“.

Месечината во понеделникот ќе биде најблиску до земјата и ќе изгледа посебно сјајна и голема на небото, ќе изгледа околу 14 одсто поголема и 30 одсто посјаен, рекол Сам Линдзи од Лондонското кралско друштво на астрономите.

За разлика од помрачувањето на Сонцето, помрачувањето на Месечината не е опасно за очи и набљудувачите може слободно да користат двогледи, телескопи и други инструменти, рекол Линдзи.

-Тоа е спектакл за сите и е бесплатен. Доволно е да ја турнете главата низ прозор - рекол Паскал.

Опсерваторијата ќе ги отвори своите телескопи за јавноста, иако не се потребни уреди за зголемување за да се види ова помрачување, укажуваат експерти и додаваат дека тоа ќе биде лесно видливо со голо око. Астрономите ги повикуваат луѓето кои гледаат во звездите да едноставно ги вперат погледите на истокот.

Американската вселенска агенција НАСА ќе има директен интернет пренос на целото помрачување преку интернет, што е опција која можат да ја искористат и оние на кои облаците ќе им го скријат погледот.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти