Во оваа земја годишната камата на кредитни картички е 475%
Објавено во: Економија 20 Декември, 2016
Троцифрената камата на кредитни картички, ги одвраќа граѓаните на Бразил од купување, дури и за време на празници, пишува Блумберг.
Годишната камата во октомври достигна 475,8 % на годишно ниво. Ова е според податоците на Централна банка.
Во САД во август просечната годишна камата изнесувала 12,5%.
Бразил веќе седмо тромесечје е во рецесија.
Претседателскиот економски тим налага да се намалат каматните стапки за да се зголеми конкурентноста во приватниот сектор.
Има препораки таа камата да изнесува најмногу 12%.