18 Мај, 2024
0.0344

„Во оваа земја ќе има надеж само ако се појави некој или нешто што ќе обединува“: Замина Сабина Ајрула Тозија

Објавено во: Македонија 11 Август, 2021

Добивај вести на Viber

Во оваа земја може да се создаде надеж само ако се појави некој или нешто што ќе обединува, рекла во интервју за Фактор, во 2010 година, големата актерка Сабина Ајрула Тозија. Дали има надеж во земјава е тема која се уште боли. Од синоќа боли фактот дека таа не е меѓу нас. Сабина Ајрула Тозија, беше маркантен лик на македонската театарска и филмска сцена.Таа беше непосредна, комуникативна, извонреден актер, дама. Имаше 75 години и театарски репертоар во раскош. 

„Моето мото секогаш било џабе работи-џабе не седи, затоа што публиката може да те заборави.  Што се однесува до енергијата неа ја црпам од работата. Некој рекол дека енергијата е потрошна работа, јас во тоа не верувам, напротив, мислам дека колку повеќе работите толку повеке ја обновувате енергијата, изјавува Ајрула Тозија во интервјуто.

На прашањето зошто  постојано сме  подложни на поделби,  на наши и ваши, на патриоти и предавници,  на  про-сдсмовци или про-вмровци,  а не сме имуни ниту на поделбите по етничка линија, таа вели:

„Мислам дека ние не сме посебно подложни на делби. Ги има кај сите народи во разни историски периоди, а можеби најмногу денес. Поделбите се резултат на намери. Морам да споменам дека некогашниот систем инсистираше на обединување, често и со присила. Особено внимаваше на етничките хармонизирања, фамозното „братство и единство“. Увозниците на демократијата се скинаа подбивајќи се со овој поим. Сега имаме поделби по сите можни основи, етнички, партиски, класни... Тоа е погубно за мала земја, како што е нашата. Целта е јасна: полесно владеење со помалите општествени сегменти и промоција на принципот на стадо. Во оваа земја може да се создаде надеж само ако се појави некој или нешто што ќе обединува, рекла Сабина Ајрула Тозија.

Таа на сцената на скопскиот Драмски театар оствари над шеесет улоги. Освен на театарската сцена, Сабина глумеше и во многу филмови и серии, како македонски така и во турска продукција, од кои доста препознатлива беше по улога во „Величенствениот“.

Позначајни улоги на Ајрула-Тозија се: Олга („Чехов“); Гертруда („Хамлет“); Фатима („Солунски патрдии“); Лисијен („Болва во уво“); Костадинка („Јане Задрогаз“); Џеси („Добра ноќ мајко“); Лаура („Татко“); Лени („Злостори на срцето“) и други. А како гостин учествувала во проекти на Турската драма и на Драмата на МНТ.

Во 2015-та година, Сабина ја доби и наградата за животно дело „Војдан Чернодрински“.

Истакнатата актерка почина на 75-годишна возраст, по тешко боледување, а пред три години актерката беше оперирана од тумор на мозокот.


Можеби ќе ве интересира

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање