Во оваа земја почнаа да плаќаат со биткоин
Објавено во: Економија 03 Април, 2017
Криптовалутите, од кои најпознат е биткоинот, од вчера се официјално средство за плаќање во Јапонија.
Парламентот на земјата вчера изгласа закон за валутна регулација, во кој стои дека криптовалутата има функција на валута во Јапонија, но дека официјална парична единица е само јенот.
За редица прашања што оваа измена ги отвора засега нема одговор. Тие се однесуваат главно на даночните обврски и на постапките при користење на виртуелната валута.
Според институтот „Фуџи кајмера“, обемот на користење на криптовалутите во Јапонија во 2015 година изнесува 1,67 милијарди долари. Експерти тврдат дека до 2020 година, тој износ ќе се зголеми десеткратно, а според проценките, најмногу ќе се зголеми износот на мобилни плаќања во интернет-продавниците.