03 Мај, 2024
0.0256

Во овој град имотите поскапеа за 15%

Објавено во: Економија, Балкан 20 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Просечната цена на становите во главниот град на Бугарија, Софија веќе е над 900 евра за метар квадратен. 

Пазарот на недвижности во оваа година доживува бум. Ова го изјави извршниот директор на агенцијата за недвижност,  Bulgarian Properties, Полина Стојкова за Bloomberg TV Bulgaria. Просечната цена на квадратен метар станбена површина во Софија за прв пат од кризата надмина 800 евра кон крајот на 2015 година. Растот на цените продолжува и оваа година.  Во Софија квадрат веќе е над 900 евра (930 евра за третиот квартал), покажуваат податоците на агенцијата. Растот на цените на куќите во главниот град достигна 15% кон крајот на изминатото тримесечје во однос на истиот период минатата година, рече  Стојкова.

Бугарија е на врвот во ЕУ по скок на цените на имотите. Ова го покажуваат податоците на европската статистичка служба Еуростат за вториот квартал на годината.  Растот на цените на куќите во Бугарија се забрзува во вториот квартал на 2,8% во однос на претходното и 6,5% на годишна основа. Тоа ја  рангира земјата меѓу првите 10 од ЕУ за скок на цените на недвижностите. За вториот квартал повисок раст на цените на куќите е забележан само во балтичките држави - Латвија со 6,6%, Литванија и Естонија со 3,1%, како и во Велика Британија - 3%. Просечниот за ЕУ ​​раст на цените на куќите за кварталот е 1,6%, а за еврозоната - 1,4%. Што се однесува до висината на цените на куќите на годишна база, пред Бугарија се Унгарија и Летонија со 10,3%, Австрија со 9%, Велика Британија со 8,8%, Шведска со 8,7% и Романија со 6,8 %. 


Можеби ќе ве интересира

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија