Во петок марш во Скопје по повод смртта на Реџаил Ќерими
Објавено во: Македонија 02 Февруари, 2022
Во петок ќе се организира протестен марш во чест на покојниот Реџаил Ќерими, осудениот во случајот „Алфа“, како и во повеќе судски случаи, за кои демонстрантите бараат меѓународна истрага.
Протестот ќе започне на „Плоштад Скендербег“ во Скопје, а се очекува да заврши пред канцеларијата на ЕУ. Ова го соопшти Јетула Ќерими, братот на покојниот Реџаил Ќерими.
„Ве известуваме дека на 04.02.2022 година во петок, во 13:30 часот ќе се собереме на плоштадот Скендер-бег каде ќе го започнеме маршот во чест на Реџаил Ќерими и ќе побараме меѓународна истрага пред канцеларијата на ЕУ за сомнителната смрт како и за сите други политички монтирани случаи“, пишува Ќерими.