Во Полска откриена најголемата фабрика за лажни стероиди
Објавено во: Свет 21 Септември, 2016
Полската полиција ја ликвидираше најголемата фабрика во светот за производство на лажни медицински препарати - стероиди и лекови кои ја зголемуваат импотенцијата - во градот Бидгошч во централниот дел на земјата.
Под сомневање за организирање и учество во активностите на криминална група за производство и трговија со лажни лекови се приведени 14 лица, соопштуваат од главната служба на полицијата.
„Вработените во безбедносните сили ја ликвидираа првата во Европа и најголема во светот нелегална фабрика за фармацевтски производи и криминална група која се занимавала со производство и трговија со стероиди и лекови кои ја зголемуваат импотенцијата“, се вели во соопштението.
Во фабриката биле откриени десетици илјади фалсификувани лекови. Произведените лекови „не исполниле никакви норми и може да се опасни за здравјето и животот“.