„ВО ПРАТЕНИЧКИТЕ КЛУПИ Е СЕДНАТ НАЈГОЛЕМИОТ ШЛАЈМ НА ВМРО-ДПМНЕ И ЗНАМ“: Најчевска застана на страната на „Левица“, вели во Собранието изнеле конкретни аргументи

Објавено во: Македонија 29 Мај, 2024 11:16
Професорката Мирјана Најчевска застана во одбрана на пратениците на политичката партија „Левица“ и ги оправда нивните аргументи на собраниската говорница.
„Од страна на пратениците на Левица беа изнесени многу конкретни аргументи со кои се покажа дека Африм Гаши (не како етнички Албанец туку како пратеник) не заслужува да биде претседател на Собранието.
Беше јасно покажано дека за време на мандатите како партеник не учествувал во расправите, не бил присутен на седниците и не ја разбира функцијата на Собранието.
Наспроти овие аргументи пратениците на ДПМНЕ не дадоа ниту еден противаргумент. Тие излегоа само со навреди ад персонем против партениците на Левица, со плукање по Шарената револуција (со што јасно застанаа на страната на режимот на Груевски) и застанаа зад вонсобраниски договор меѓу партиите и се спротиставија на дебата во Собранието.
Со ова, од самиот почеток тие покажаа дека ќе бидат само извршители на вонсобраниските партиски договори со единствена задача да притискаат копчиња, и дека воопшто не се ни пратеници туку обични папагали седнати во пратеничките столчиња.
Со тоа што пратениците на СДСМ и на ЗНАМ молчеа покажаа дека не ја научиле лекцијата и дека немаат појма што значи тоа да си пратеник и дека во пратеничките клупи е седнат најголемиот шлајм на овие партии“, напиша таа.
Можеби ќе ве интересира
А ШТО ВЕЛИ СТОИЛКОВИЌ ЗА ПРОТЕСТИТЕ ВО СРБИЈА? Потребна им е дестабилизација, за полесно да се справат со Р.Српска и да ги протераат нашите браќа од Косово!

Медис и важноста на научноистражувачката работа во областа на медицината: Интервју со Ирена Ефтимова

НАЈТОПЛО ВО СКОПЈЕ, НЕВЕРОЈАТНИ 30 СТЕПЕНИ НЕ ОЧЕКУВААТ ДЕНЕСКА: Но, во вторник се враќа знимата, ќе има и снег

БУГАРСКО МИНИСТЕРСТВО ЗА ТРАНСПОРТ И ВРСКИ: Изградбата на пругата не е одложена

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Асмир Јахоски доби 30 дена притвор

КРИВИЧЕН ЈА ПРЕИНАЧИ ОДЛУКАТА: Асмир Јахоски оди во притвор

Кавадарчанец го подесил своето „бмв“ да создава огромна бучава, полицијата му го одзеде на три месеци
Министерство за животна средина: Граѓаните да ја поддржат изградбата на регионалната депонија во Новаци

ЗА ТАНГО СЕ ПОТРЕБНИ ДВАЈЦА: Еве што вели Мицкоски за односите со Бугарија
