26 Април, 2024
0.0279

Во што вложува менаџменот на „Комерцијална банка“?

Објавено во: Економија 01 Август, 2019

Добивај вести на Viber

Вложувањата во хартии од вредност (пред се државни н.з.) на крај на јуни се за 34,2 милиони евра повисоки од салдото на крај на декември лани, а во исто време кредитирањето е повисоко за 19 милиони евра на крај на јуни годинава во однос на крајот на 2018 година

„Комерцијална банка“ оствари добивка од 11 милиони евра за првите шест месеци годинава и тоа е финансиски резултат на намалените нето приходи од камати и зголемените средства што банката ги издвои за резервации особено во вториот квартал годинава. Акционерите на банката треба да ги радува агилноста на менаџментот кој значајно го интензивирал кредитирањето особено во периодот април – јуни во кој кредитното портфолио на банката е зголемено за речиси 33 милиони евра во споредба со нивото на кредитните пласмани од крајот на март годинава. Разбирливо резултат на тоа е зголеменото ниво на резервации за издадените кредити кое пак влијае, макар и привремено, негативно на нивото на добивката.

Како е првото полугодие годинава во споредба со истиот период лани?

За првите шест месеци годинава нето приходите од кредити на банката изнесуваат 19 милиони евра и тие се намалени за 1,6 милиони евра во споредба со истиот период лани. Менаџментот ова намалување на приходите од камати во значајна мерка го компензирал со зголемување на нето приходите од провизии и надоместоци кои изнесуваат 7,6 милиони евра и се за еден милион евра повисоки во однос на истиот период претходната година. Кај останатите приходи во споредба со лани очекувано има големо намалување. Тие изнесуваат 3,4 милиони евра  и во однос на претходната година, кога беа продадени побарувањата од „Фени“ се пониски за 9,1 милиони евра.

На расходната страна очекувано зголемени се резервациите кои изнесуваат 6,9 милиони евра и се поголеми за 5,8 милиониевра во однос на првото полугодие лани, но и тоа е само заради ланското „раздолжување“ со резервациите за „Фени“. Најголема расходна ставка се трошоците за вработените кои изнесуваат 7,1 милиони евра и се речиси непроменети во однос на истиот период лани. Останатите расходи од дејноста изнесуваат 4,9 милиони евра и се 0,3 милиони евра повисоки од истиот период лани. Добивката за првата половина годинава е 11 милиони евра и во споредба со лани е 10 милиони евра пониска, но и тоа е последница пред се на ланското „раскусурување“ со „Фени“.

Од билансот на состојба важно е да се истакне дека кај кредитните пласмани има солидно зголемување во однос на состојбата на крајот на декември лани. Имено на крај на јуни тие изнесуваат 773,7 милиони евра и се за 19 милиони евра повеќе од крајот на декември лани. Вложувањата во хартии од вредност се на ниво од 234,6 милиони евра што е за 34,2 милиони евра повеќе од состојбата на крајот на 2018 година. Од достапните податоци се гледа дека фокусот на менаџментот на банката биле државните хартии од вредност пред кредитирањето.

Како работела банката во вториот наспрема првиот квартал?

Од споредбата на податоци се гледа рамноменерен тренд на раст на нето приходите од камати и нето приходите од провизии и надоместоци во двата квартали. Најзначајна промена има кај нивото на пласирани кредити. Имено на крај на јуни во однос на крајот на март годинава банката инјектирала 33 милиони евра во македонската економија (корпоративени и граѓански сектор). Нивото на кредитни пласмани на крај на јуни е 773,7 милиони евра, а состојбата на крајот на март била 741 милиони евра. Тука во принцип е и генераторот на зголемените резервации на банката на крајот од јуни годинава. Тие од 1,7 милиони евра на крај на март годинава растат за 5,7 милиони евра до крајот на јуни годинава.  


Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката