Во Словенија инфлацијата расте
Објавено во: Балкан 31 Август, 2013 14:00
Инфлацијата во Словенија на крајот на овој месец била 0,3 проценти, а на годишно ниво 2,2 проценти, соопшти државниот Завод за статистика.
Според статистиката, пред се, поскапеле услугите. Бруто домашниот производ во вториот квартал од оваа година, во споредба со истиот период од 2012 година, e помал за 1,7 проценти, а вкупниот пад на БДП, во првата половина од оваа година е 3,2 проценти.
На економската активност и понатаму негативно влијае домашната побарувачка, но нејзиното влијание било помало отколку во претходните квартали, додека пак извозот имал позитивно влијание.
Според статистичките податоци, потрошувачката на домаќинствата се намалила за два проценти, а на државата за 3,1 процент, додека пак, инвестициите во основни средства биле пониски за три проценти.
Извозот се зголемил за два проценти, а увозот останал на приближно исто ниво како во минатата година.
Можеби ќе ве интересира
Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




