28 Април, 2024
0.0299

ВО СОБРАНИЕ ДЕНЕСКА НЕМА НИ РУЧЕК НИ КАФЕ - мора да се почитуваат мерките за заштита

Објавено во: Македонија 04 Август, 2020

Добивај вести на Viber

Од Собранието ги кажаа условите под кои денеска ќе се одржи Конститутивната седница. 

За претставниците на медиумите влезот во зградата на Собранието ќе биде овозможен од 11 часот.

Конситутивната седница е закажана во 12 часот, така што ќе има доволно време во тој период да се испочитуваат сите неопходни протоколи, во однос на проверка и евиденција.

„Ве потсетуваме дека за да се избегне поголемо групирање, Конститутивната седница ќе може да ја следат само двајца претставници од секој медиум, односно само оние што во утврдениот рок се пријавија до Одделението за односи со јавност на Собранието. Претставниците од медиумите, како и досега, влегуваат на влезот кадешто е пријавницата и со себе треба да носат документ за лична идентификација. 
Претставниците на медиумите пренос од седницата ќе можат да следат во салите 3 и 4 во Прес центарот на Собранието на Република Северна Македонија“, пишуваат од собраниските служби.

Бидејќи присуството во Големата сала, каде што ќе се одржува Конститутивната седница, ќе биде ограничено, инсерти и фотографии ќе можат да направат само една камера од МРТВ и службени фотографи ангажирани од Собранието на Република Северна Македонија.

По завршувањето на седницата, изјави ќе можат да се дадат во Кристалната сала на Собранието на Република Северна Македонија, каде што за таа цел ќе бидат обезбедени соодветни технички услови и соодветна физичка дистанца.

„Во согласност со препораките на Комисијата за заразни болести, во Собранието нема да работат Клубот на пратениците, ресторанот и бифето што се наоѓа во Прес центарот.
Со цел да се обезбеди поголема здравствена заштита, а со оглед на тоа дека станува збор за голем настан, кој ќе се одвива во затворен простор, на сите присутни во зградата им се препорачува да го лимитираат движењето низ зградата и постојано да носат заштитна маска“, нагласуваат од Собранието.

Истовремено, напоменуваат дека на паркинг просторот околу зградата на Собранието паркирање ќе биде дозволено само за пратениците и за официјалните гости.

Можеби ќе ве интересира

МАПАТА НА ТОПЛОТНИТЕ АНОМАЛИИ ПОРАЧУВА: ЛЕТОТО ЌЕ БИДЕ ПЕКОЛНО - подгответе се за екстремни појави

МАПАТА НА ТОПЛОТНИТЕ АНОМАЛИИ ПОРАЧУВА: ЛЕТОТО ЌЕ БИДЕ ПЕКОЛНО - подгответе се за екстремни појави

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Јас предвидов дека на 8 мај ќе има политички вулкан

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Јас предвидов дека на 8 мај ќе има политички вулкан

АДВОКАТОТ МИТРОВСКИ: Спасовски намерно или не, му намести пенал на Палчо да аргументира пред турските судови дека во Македонија го чека политички монтирано судење

АДВОКАТОТ МИТРОВСКИ: Спасовски намерно или не, му намести пенал на Палчо да аргументира пред турските судови дека во Македонија го чека политички монтирано судење

ВАНКОВСКА ЈА ПРАШУВАЛЕ ЗА КОГО ДА ГЛАСААТ НА 8 МАЈ: Еве што им одговорила

ВАНКОВСКА ЈА ПРАШУВАЛЕ ЗА КОГО ДА ГЛАСААТ НА 8 МАЈ: Еве што им одговорила

ПОЛОГРАФОТ НЕ МОЖЕ ДА БИДЕ ДОКАЗ ВО ЕДНА ПОСТАПКА: Еве што велат експертите

ПОЛОГРАФОТ НЕ МОЖЕ ДА БИДЕ ДОКАЗ ВО ЕДНА ПОСТАПКА: Еве што велат експертите

НИШТО ОД СКАРА ЗА ПРВИ МАЈ: Ќе биде топло но ќе има можност за невреме

НИШТО ОД СКАРА ЗА ПРВИ МАЈ: Ќе биде топло но ќе има можност за невреме

ПАЦИЕНТ СО КОНГО КРИМСКА ХЕМОРАГИЧНА ТРЕСКА ХОСПИТАЛИЗИРАН НА ИНФЕКТИВНА: Тој е изолиран и моментално е во стабилна состојба

ПАЦИЕНТ СО КОНГО КРИМСКА ХЕМОРАГИЧНА ТРЕСКА ХОСПИТАЛИЗИРАН НА ИНФЕКТИВНА: Тој е изолиран и моментално е во стабилна состојба

ХАОС НА ТАБАНОВЦЕ И БОГОРОДИЦА: Србите влегуваат, Македонците излегуваат од земјава, еве каква е состојбата

ХАОС НА ТАБАНОВЦЕ И БОГОРОДИЦА: Србите влегуваат, Македонците излегуваат од земјава, еве каква е состојбата

ВАКА ИЗГЛЕДА РИМСКИОТ АКВАДУКТ ВО СКОПЈЕ: „Требаше да се реставрира, но нема ништо од тоа“, вели Грчева

ВАКА ИЗГЛЕДА РИМСКИОТ АКВАДУКТ ВО СКОПЈЕ: „Требаше да се реставрира, но нема ништо од тоа“, вели Грчева