Во Србија откриен Сириец со копија на „пасош на атентаторот“
Објавено во: Балкан 16 Ноември, 2015 16:58
Српската полиција уапси имигрант со сириски пасош, кој е со истите параметри како оној, што беше пронајден до еден од самоубиските бомбаши во Париз, објави белградскиот весник „Блиц“.
„Документ со истото име и истите податоци, но со различна слика, бил откриен во саботата кај сосема друг човек во центарот за регистрирање на имигранти во Прешево. Тој е задржан за испрашување“, пишува весникот, без да го наведува изворот на информациите.
„Се верува дека двајцата мажи не се поврзани. Но, случајот ќе биде истражен, бидејќи и двајцата купиле фалсификувани сириски пасоши во различно време од ист автор на фалсификувани документи во Турција“.
Француските обвинители побараа денеска да не се избрзува со заклучоците околу овој пасош.
Отпечатоците од прсти кои се добиле од Грција, каде што му биле поништени во почетокот на октомври, се совпаѓаат со оние на атентаторот. Се потврдува верзијата дека тој пристигнал на грчкиот остров Лерос со близу 200 имигранти и е регистриран неколку дена подоцна во Србија.
Но сеуште нема докази дека пасошот е оригинален и дека атентаторот е Ахмед ал Мохамед (Ахмад Алмохамад) се едно исто лице.
Можеби ќе ве интересира
Софија издаде конкретна мерка против загадениот воздух - викенд зелена карта
Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај




