Во Србија се исклучува струја ако не се плати такса за телевизија
Објавено во: Економија 17 Август, 2022
Здружението на потрошувачи „Ефектива“ денеска соопшти дека српското електростопанство ЕПС деновиве испраќа предупредување до потрошувачите дека ќе им ја прекине испораката на електрична енергија доколку не го плаќаат надоместокот за јавниот телевизиски сервис РТС.
„ЕПС има право да го прекине давањето на услугата доколку поминат повеќе од два месеци од датумот на доспевање на фактурата за дадените услуги. ЕПС обезбедува услуга за испорака на електрична енергија, но не и емитување ТВ сигнал, што значи дека ТВ претплатата не е услуга што ја обезбедува ЕПС. Затоа, поради неплаќање, ЕПС не може да ја прекине испораката на струја, која во овој случај е платена“, тврди Ектефила и додава дека тоа дали ЕПС префрлила дел од приходите на РТС не е прашање што го засега потрошувачот.
Посочуваат дека на ЕПС му е забрането да прибегнува кон исклучување од мрежата, доколку потрошувачот по добиеното предупредување го оспорил постоењето и висината на долгот и продолжил да ги плаќа тековните обврски за испорачаната услуга.
Како што наведоа, за случаи кога имало претходно исклучување од мрежата, ЕПС не смее да условува плаќање на долгови постари од една година.