Во телефонот на велешанец осомничен за „Јавна соба“ е најдена детска порнографија
Објавено во: Македонија 08 Март, 2021 17:01
Детска порнографија e пронајдена во телефонот на велешанец осомничен за случајот „Јавна соба“.
Во телефонот на велешанец осомничен во случајот „Јавна соба“ биле откриени видеа од детска порнографија. Поради ова велешкото обвинтелство отвори предмет за кривично дело за злоупотреба на малолетник за да се изрботат аудиовизуелни слики со порнографска содржина, информира Телма. За слично дело постапуваат и други обвинителства низ земјава. Неколку стотини луѓе денеска излегоа на протестниот Марш за женски права кој годинава се одржа под слоганот „Држава што не постапува е држава што силува“. Тие побараа од Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство неодложно да постапат по сите конкретни барања, односно кривичен прогон за сторителите од ’Јавна соба‘, кривични пријави и обвинителни акти против сторителите за делата злоупотреба на лични податоци, посредување во вршење проституција, загрозување на безбедноста или ширење на расистички и ксенофобични материјал по пат на компјутерски систем.
Можеби ќе ве интересира
Осум повредени завршија во болница по сообраќајна незгода на патот Гостивар-Тетово
Одрон на патот Охрид – Св. Наум, сообраќајот се одвива по една лента
Спречен увоз на над 26 тони замрзнато пилешко месо од Бразил
СПАСОВСКИ: Македонија не смее да стане земја што ќе спроведува азилски постапки за други држави, а притоа да ѝ остануваат мигранти што нема каде да ги врати
„ДЕЛОВНА ТАЈНА Е ДЕКА НЕ' ТРУЈАТ“: Арсовска тврди дека загадувачите добиле право да ги кријат доказите под мотото „деловна тајна“
УАПСЕН ЕКС ДРЖАВНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Осомничен е за поткуп од десетици илјади евра
Најголемиот шлепер во Македонија го вози жена и тоа токму оваа: „Најтешко е да си далеку од дома и од блиските“ - Цеце Мирчевска за „Женски магазин“




