07 Декември, 2025
0.1094

ВО ВАЛАНДОВО ИМА САМО ЕДЕН ГИНЕКОЛОГ, ВО БУЗАЛКОВО НИ ОПШТ ЛЕКАР, НИ СТОМАТОЛОГ: Каква здравствена не(заштита) добиваат граѓаните

Објавено во: Македонија 06 Февруари, 2024 08:07

Добивај вести на Viber

Големи се разликите меѓу 30-те здравствени региони во земјава кога станува збор за можностите, односно степенот на здравствена заштита што можат да ја добијат жителите во поединечни градови низ Македонија.Истражувањето Центарот за граѓански комуникации, кое вклучува 22 индикатори, ги зема предвид човечките и просторните медицински капацитети што им стојат на располагање на жителите на овие региони како што се болници, здравствени домови, служби за заштита на жени, претшколски и школски деца, лекарски, специјалистички и друг здравствен кадар, но и општата и стапката на смртност на доенчиња.

Покрај Скопје, на врвот на листата се и Битола и Штип, додека на дното, покрај Крушево се и Македонски Брод, Валандово и Крива Паланка. 

Во разговор за Фактор, д-р Лидија Чолакова Дервишова посочува дека дури 54 отсто од здравствените услуги се даваат во Скопје, додека во помалиоте места здравствените објекти се распаѓаат.

-Тоа секако не е во ред. Се е сконцентрирано во главниот град. Постојат населени места, каде што има огромна попиулација, а немаат медицински кадар. На пример во Бузалково, каде што живеат околу 2.000 луѓе нема ниту општ лекар ниту стоматолог. Луѓето мора да патуваат и по неколку часа заради забоблка, настинка, и какво било другои заболување.  Богомила и Извор се исто така големи региони во кои што практично нема никаква здравствена заштита. Да не одиме подалеку, Велес како еден од поголемите градови, „увезува“ кожен лекар, анестезиолог, трансфузиолог. Во Валандово, на цел тој голем регион има само еден гинеколог. Педијатри низ внатрешноста има само 13. Состојбата е навистина катастрофална, вели д-р Чолакова Дервишова.

Поред истражувањето, еден од индикаторите со големи разлики меѓу градовите е број на деца на една служба за здравствена заштита на деца од 0 до 6 години.

-Овде најдобро стои Виница каде на 129 деца има една ваква служба или педијатриска амбуланта. Спротивно, најлошо стојат Охрид, Прилеп и Скопје каде една ваква служба има на повеќе од 3.000 деца на оваа возраст. Шест градови имаат ваква служба, но во неа нема лекари и мораат да патуваат во други градови за ваква услуга. Слична е и состојбата со број на жени на една служба за здравствена заштита на жени. Најдобро стои Берово со 1.388 жени на една ваква служба, додека најлоша е состојбата во Прилеп каде една ваква служба „покрива“ дури 36.000 жени. Три градови воопшто немаат ваква служба, односно гинеколог. Кога станува збор за број на здравствени работници (главно медицински сестри) на еден лекар во секундарната здравствена заштита,најдобро стои Македонски Брод со 3 здравствени работници по лекар, додека најлошо стои Виница само со 0,7 сестри на еден лекар. Стандардот во оваа област е 2 сестри на еден лекар во секундарната здравствена заштита, покажува истражувањето.

Д-р Чолакова Дервишова вели пак, дека не се проблем само медицинските сетри, кои масовно заминуваат од Македонија, проблем се и лекарите, односно и општите лекари и специјалистите.

-По дипломирањето, лекарите треба барем 3 години да работат во помалите населени места, а никој не го сака тоа. Оние кои специјализираат одредена област, а се од помалите градови, не се враќаат. Сите остануваат или во Скопје или заминуваат од државата. Дел од специјалистите, бидејќи се само по еден во помалите градови, работат само како дневна амбуланта, нема 24 часовна покриеност на ваквите специјалистички здравствени услуги. Тоа е огромен проблем за граѓаните кои буквално се приморани да патуваат во Скопје, Штип, Битола, зависно во кој дел од земјава гравитираат и каде побрзо може да стигнат. Е за да се надминат овие сериозни проблеми треба постојана координација со Министерството за здравство и со Фондот за здравствено осигурување. На маса отворено да се изнесат сите недостатоци и да се најдат соодветни решенија. Треба постојано ажурирање на податоците и потребни се континуирани средби, состаноци на кој ќе се предложат и усвојат одредени решенија, вели д-р Чолакова Дервишова.

Инаку, иако главниот град во земјава е прворангиран за степенот на здравствена заштита што им е на располагање на неговите жители, сепак има голем проблем. Главен недостиг на Скопје во смисла на можностите за здравствена заштита е што има голем број жители, поради што и некои од индикаторите кои се сведуваат по жител имаат помала вредност.

Анита Буховски

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„НЕМА ДА СЕ ГРАДАТ ОГРАДЕНИ КАМПОВИ, ТУКУ СТАНОВИ ЗА ОДБИЕНИТЕ АЗИЛАНТИ“: Професорот Трајковски со реакција за мигрантите

„НЕМА ДА СЕ ГРАДАТ ОГРАДЕНИ КАМПОВИ, ТУКУ СТАНОВИ ЗА ОДБИЕНИТЕ АЗИЛАНТИ“: Професорот Трајковски со реакција за мигрантите

Левица: Томовски дели тендери на негови блиски фирми, ќе објавиме фотографии

Левица: Томовски дели тендери на негови блиски фирми, ќе објавиме фотографии

Томовски најави тужба за СДСМ: „Јака работа направиле, го нашле мојот број“

Томовски најави тужба за СДСМ: „Јака работа направиле, го нашле мојот број“

Пред Поликлиниката Ченто најден починат 44 годишен скопјанец

Пред Поликлиниката Ченто најден починат 44 годишен скопјанец

Ваботен во затворот Скопје фатил двајца затвореници со кокаин

Ваботен во затворот Скопје фатил двајца затвореници со кокаин

Арсовски до Кузеска: Подготвувам повеќе тужби, се надевам дека се поготвени да докажат на Суд

Арсовски до Кузеска: Подготвувам повеќе тужби, се надевам дека се поготвени да докажат на Суд

Им дала пари и накит за да и „тргнат магија“: Две жени измамиле жителка на кочанско село

Им дала пари и накит за да и „тргнат магија“: Две жени измамиле жителка на кочанско село

Жени од цела Македонија овде бараат лек за рожба: „Каменот на плодноста“ сместен во златната котлина крие исцелителна тајна

Жени од цела Македонија овде бараат лек за рожба: „Каменот на плодноста“ сместен во златната котлина крие исцелителна тајна

„КОЈ ЌЕ СЕ ИЗВИНУВА СЕГА?“: СДСМ обајви телефонски број од фирмата „Сити Аутсорсинг“ за кој тврди дека е на Томовски

„КОЈ ЌЕ СЕ ИЗВИНУВА СЕГА?“: СДСМ обајви телефонски број од фирмата „Сити Аутсорсинг“ за кој тврди дека е на Томовски