26 Април, 2024
0.0279

„ВОЈНАТА ВО УКРАИНА Е ДОКАЗ ДЕКА БИЗНИСОТ СО РУСИЈА И КИНА Е РИЗИЧЕН ЗА ЗАПАДОТ“: Предупредувањето стигна од Давос

Објавено во: Економија 24 Мај, 2022

Добивај вести на Viber

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска изјави дека војната во Украина е доказ дека бизнисот со авторитарните власти на Русија или Кина претставува ризик за безбедноста на Западот.

Столтенберг рече дека слободната трговија донесе просперитет, но дека има цена „бидејќи дел од оваа трговија, дел од економската интеракција со авторитарните режими ја поткопува  безбедноста на Западот“.

Говорејќи на Светскиот економски форум во Давос, Столтенберг додаде дека е погрешна идејата дека Европа може да купува гас од Русија колку што сака.

„Тоа е опасно. „Купувањето и дава на Русија алатки за заплашување и употреба против нас, а тоа сега е јасно“, рече тој.

Столтенберг предупреди на секое прекумерно потпирање на суровини или напредна технологија или дозволување странска контрола врз националната инфраструктура, како што се мрежите 5G.

„Ова е за Русија. Но и за Кина. Уште еден авторитарен режим кој не ги дели нашите вредности. А тоа го поткопува меѓународниот поредок заснован на правила“, заклучи тој.

ФОТО: EPA/LAURENT GILLIERON

Можеби ќе ве интересира

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека