Волонтер - гимназијалец од Македонија им дели лекции на постари
Објавено во: Македонија 21 Септември, 2018
Дамјан Георгиевски, гимназијалец од „Раде Јовчевски Корчагин“ од Скопје со своето лично искуство потврдува дека младите треба да бидат активни, секој ден да работат на унапредување на своите знаења, да волонтираат и придонесат за себе си и за заедницата.
Една од најполезните активности кои можат да ги прават младите е волонтирањето, а волонтерството е спорт за менталниот капацитет, вели тој. Почнал пред четири години и вели дека и во иднина, дури и откако ќе се вработи, нема да се откаже од волонтерството. Патот до вработување не секогаш е лесен, па од некаде мора да се почне, а волонтерството и стекнатото искуство можат да бидат плус во една работна биографија.
„Најпрво учевствував на различни работилници и активности за млади, а потоа и на младински размени. Првата средба со волонтерска работа ми беше Младинскиот Лидерски Камп (YMLP) кој што е во организација на Peace Corps Macedonia, YMCA Bitola и Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Скопје. Подоцна, се запознав со различните можности кои се нудат за младите, па се приклучив и кон Американското Катче во Скопје. Неколку месеци подоцна, по учество на серија активности и работилници, некако спонтано станав волонтер на една од најголемите волонтерски организации во Македонија, Волонтерски Центар Скопје, на која сум и лојален до ден денес. По многуте активности, ја имав можноста да бидам испратен на младинска размена во Унгарија, и да ги проширам моите видици кон околината и светот. Потоа, да речам, официјално започна моето вложување во волонтерската работа. Волонтерската работа, односно Волонтерски Центар Скопје ми ја даде можноста да се изградам како личност и да се стекнам со многу вештини, кои многу ќе ми користат понатаму во мојот живот“ - раскажува Георгиевски.
Додава дека волонтирањето му помогнало да се развие како личност, но и да стекне контакти со врсници од повеќе земји.
„Конкретно јас, многу се променив од мојата прва младинска размена до сега. Јас сум сосема поинаква личност од тоа што бев, па можам да кажам дека луѓето кои ме познаваат денес, не би ме препознале пред 3 години. Од волонтирањето и младинските активности се стекнуваат огромен број на способности, знаења, и искуства. Комуникацијата со врсници од други држави, па и од нашата земја знаат навистина да направат позитивна разлика во општењето на една личност и секако да ги отворат видиците на еден млад човек. Со целото ова се стекнува искуството во различни области, од емоционалната интелигенција до адаптабилност во околината, кои можат многу да значат, и да не однесат на правиот пат. Меѓутоа овие способности и знаења не ги стекнуваме за самите себеси, туку ги стекнуваме за да направиме некаква промена во општеството и да помогнеме некому. Токму оваа можност ја дава волонтирањето“- вели тој.
Според него, во овој модерен свет во кој живееме, веќе не се гледаат универитетските дипломи, тие не се пресудни и човек со нешто мора да се издвои.
„Ако навистина сакате да се издвоите од останатите, тогаш една од потребните работи покрај образованието се овие способности. Покрај овие знаења и способности, вие исто така стекнувате нови познанства, и градите нови пријателства, кои можат да бидат од голема полза. Секако, овие искуства и способности не ги стекнуваме само за себе, туку тие мораат да бидат искористени некаде. Па затоа, овие неколку нешта, ќе ве направат посакувани не само од околината туку и од идните работодавци. Верувајте, најсилни се оние луѓе кои и покрај проблемите им помагаат на другите, бидејќи тоа е она што го прават волонтерите. Волонтерите не се платени, не затоа што се бескорисни, туку затоа што се бесценети“ - додава Георгиевски.
Претходни истражувања направени во земјава покажале дека голем дел од младите се пасивни, не студираат и не бараат работа, а слободното време обично го поминуваат во кафулињата.
Сања Атанасовска* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.