Воведена забрана за камиони на еден патен правец
Објавено во: Македонија 22 Март, 2018
На планинскиот превој Стража попладнево од 18:10 часот е воведена забрана за камиони.
На останатите патишта низ државата сообраќајот се одвива по влажни коловози, а слаб снег провејува на Попова Шапка, Маврово, Буково и Ѓавато.
Во текот на денот укината е забраната за тешки товарни возила на патниот правец крак – Маврово – Дебар, информира Автомото сојузот на Македонија. Забраната е укината од 11:45 часот.