Возачи внимавајте на овој закон во Србија - може лесно да завршите во затвор
Објавено во: Балкан 15 Јануари, 2019
Соседите имаат нова Законска обврска која важи за сите возачи.
Ако патот ве носи на патување низ Србија, ќе треба да внимавате на тоа каде ги држите децата.
Имено, соседите воведуваат нов закон според кој ако сте возач и превезувате дете во скут, ви се заканува затворска од 15 дена или парична глоба од 100 000 до 120 000 динари.
Ако пак детето е во скутот на совачот тогаш тој треба да подготви од 20 000 до 40 000 динари за парична глоба или затворска казна и до 30 дена.
Новите законски измени во соседната земја би треба да почнат да важат од 1 април.