Возачите на автобусот на „Беса Транс“ не биле вработени
Објавено во: Македонија 26 Ноември, 2021
Возачите на автобусот на „Беса транс“, кој изгоре во сообраќајка на автопатот Струма во Бугарија, при што 45 патници загинаа, не биле вработени. Едниот немал ни сертификат за професинална компетентност.
Овие податоци попладнево ги соопшти министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски. Едниот од возачите не бил вработен во компанијата, но имал сертификат со важност до 11 месец 2023 година. Другиот возач воопшто не бил пријавен дека работи во било која фирма. Нему сертификатот му бил истечен во септмеври оваа година, соопшти Бочварски.