20 Декември, 2025
0.0649

Возачите местат сообраќајки, пратениците го менуваат Законот за вештачење

Објавено во: Мои пари 10 Декември, 2013 19:23

Добивај вести на Viber

Расте бројот на предмети кои стигнале во Бирото за судски вештачења. Оваа годинава доставени биле  2.191 предмети или за 200 повеќе од 2011 година. Како што соопшти директорот на оваа институција,  Дени Ѓорчевски Бирото за судски вештачења, работело на најтешките предмети, од организиран криминал до трагични сообраќајни несреќи. И доказите од акциите „Керозин“, „Ариел“ или „Бришач“поминале во Бирото, а изминатиот период пораснала појавата на фингирани сообрќајни незгоди преку кои граѓаните се обидуваат на незаконски начин да добијат одредено обештетување. Ваквиот криминал, потсетува Ѓорчевски,    за првпат беше откриен во полициската акција Бришач кога приведени се триесетина лица. Сепак, и понатаму осигурителните компании имаат проблеми со лажните сообраќајки па ги викаат вештаците од бирото. Ѓорчевски исто така се пожали дека предметите од кривичната област, кои ги работат кривичните судови тешко се наплаќаат. Истовремено со презентирањето на работата на Бирото, во собрание се „крчкаа„“измените во  Законот за вештачење. Опозиционерите се бунеа за законското решение со кое сметаат дека се фаворизира еден државен орган во состав на Министерството за правда - Бирото за судски вештачења. Според пратеничката на СДСМ, Ана Павловска-Данева, сосема е извесно дека Бирото за судски вештачења ќе стане орган кој што ќе ги опслужува сите државни институции, без за тоа да се распишува јавен тендер или конкурс за јавни набавки. „Зошто, по кои критериуми и врз основа на кои причини одлучи дека одеднаш, Бирото за судски вештачења треба да се стави над сите останати вештаци? Со законот што ни го предлага Министерството за правда, се промовира нееднаквост. Универзитетски професори од најразлични факултети имаат стекнато лиценци за вештаци. И машински инженери, електро инженери и шумарски и економисти, и доктори полагале за да се стекнат со таа лиценца. И платиле пари на државата. Министерството за правда ни должи објаснување, зошто сега сите овие ги занемаруваме? Зошто Бирото за судски вештачења треба да ги опслужува сите државни институции и сите јавни институции без да конкурира? Без да овозможи еднаков третман на сите останати вештаци. И нивното знаење, нивната експертиза, одеднаш станува второстепена или безначајна во однос на Бирото за судски вештачења“, праша Павловска-Данева.

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии