09 Октомври, 2024
0.0264

ВОЗБУДЛИВА ПРИКАЗНА НА АКТЕРКАТА ЈАСМИНА ПОПОВСКА: Најслатко ми е кафето каде што се снимаат холивудските филмови

Објавено во: Стил 05 Април, 2018

Добивај вести на Viber

Уживам да одам на места каде што се снимани големите холивудски филмови. Ми беше посебно задоволство да го испијам своето кафе на Родео Драјв, во истиот хотел каде што Џулија Робертс беше сместена со Ричард Гир во филмот „Убава жена“. Со секоја голтка испиено кафе, пред мене беше по еден кадар од филмот, особено оној момент кога таа се појавува во својот убав црвен фустан, а Ричард Гир и го подарува дијамантскиот ѓердан за да одат на опера

Од самиот почеток на нејзиниот студентски живот, актерката Јасмина Поповска работела на големата сцена. Денес е актерка во Македонскиот народен театар, хуманитерец, активист и вљубеник во патувањата. Првата поголема улога ја добила уште во првата година на студии на ФДУ, и покрај строгите правила на Факултетот толку млад студент да заигра на големата сцена. Јасмина тогаш била Соња во „Балкански шпион“, играјќи за Битолскиот народен театар. Во четврта година на факултет добила уште една насловна улога, а денес може да се пофали со повеќе од четириесет. Голема страст на Јасмина се патувањата, и најмногу ужива да се напие кафе токму на местата каде што се снимани сцените на познатите холивудски филови. Дел од нејзината биографија е функцијата, директор на МКЦ во деведесетите, и основањето на киното „Фросина“, како и промоцијата на мегалитска опсерваторија Кокино пред светските медиуми, работа на која е особено горда. За Женски магазин, познатата актерка ја раскажа својата приказна.