Возила, машини, деловен простор - УЈП закажа аукција
Објавено во: Економија 13 Април, 2021
На аукција, Управата за јавни приходи (УЈП) ќе понуди движен и недвижен имот. На јавно наддавање и во слободна комерцијална продажба закажана за 29 месецов, УЈП ќе возила и машини запленети по основ на неплатени давачки.
Се нуди деловна просторија во Охрид од 193 квадрати со почетна цена од 9,4 милиони денари, автомобил „БМВ“ од 2007 година со почетна цена од 720.000 денари, товарно возило МАН од 2013 година со почетна цена од 1,6 милиони денари.