Врабевски: Уште 20 бугарски клубови и Македонците ќе ја променат свеста
Објавено во: Македонија 14 Декември, 2022 11:30
Милан Врабевски, финансиерот на т.н.бугарски културни клубови низ Македонија, во гостувањето на БНТ рече дека е потребно да се отворат многу повеќе такви за да „ја променат свеста на Македонците“.
- За бугарските клубови во Македонија , ме прашувате која е опцијата за решавање на проблемот со насилството. Многу е едноставно, отварање на уште 20 клубови и постепено вистината ќе се разбере, а евроинтеграциите значат пред се вистина. Таа ќе ве ослободи, изјави финансиерот кој во јавноста е претставен како филантроп.
Тој во стдуиото ја нарече Македонија - територија „украдена од Бугарија“ и го критикуваше „југословенскиот модел“. Според контроверзниот Врабевски, на луѓето во Макеоднија „им се испрани “ мозоците.
-Една територија украдена со многу крв, отцепена од Бугарија и асимилирана на еден многу грозен начин. Од југословенскиот модел нема полош и погрд на светот, рече Врабевски во разговорот.
Можеби ќе ве интересира
Осум повредени завршија во болница по сообраќајна незгода на патот Гостивар-Тетово
Одрон на патот Охрид – Св. Наум, сообраќајот се одвива по една лента
Спречен увоз на над 26 тони замрзнато пилешко месо од Бразил
СПАСОВСКИ: Македонија не смее да стане земја што ќе спроведува азилски постапки за други држави, а притоа да ѝ остануваат мигранти што нема каде да ги врати
„ДЕЛОВНА ТАЈНА Е ДЕКА НЕ' ТРУЈАТ“: Арсовска тврди дека загадувачите добиле право да ги кријат доказите под мотото „деловна тајна“
УАПСЕН ЕКС ДРЖАВНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Осомничен е за поткуп од десетици илјади евра
Најголемиот шлепер во Македонија го вози жена и тоа токму оваа: „Најтешко е да си далеку од дома и од блиските“ - Цеце Мирчевска за „Женски магазин“




