Вработени од ГОБ „8 Септември“ на протест кај директорот
Објавено во: Македонија 27 Септември, 2019
Вработени во Градската општа болница „8 Септември“ утрово организирано се нашле пред канцеларијата на директорот Христијан Костов со барање за итен состанок. Претставници од Синдикатот биле примена на средба кај управителот.
Станува збор за персоналот од Одделот за интензивна нега кој синоќа доживеал уште еден физички напад, овој пат од роднини на починат пациент, при што морало да биде повикана и полицијата да интервенира, пренесува „360 Степени“.
Персоналот бара итна и сериозна безбедносна заштита, а не само протоколарни изјави пред полицијата.