Добивај вести на Viber
Шофери во Јавното сообраќајно претпријатие - Скопје утрово протестирале затоа што уште не им била исплатена августовската плата, објави
А1он, повикувајќи се на извори во ЈСП.
Според информациите на портаплот, вработените сакале да и дадат „жолт картон“, односно предупредување на управата, аг лавна причина за ескалацијата на незадоволството кај вработените било доцнењето на платите.
Сепак, ЈСП ги демантира ваквите информации. Според нив, сите плати се исплатени и доцнење нема, а утрово во фирмата немало штрајк.
„Ги демантираме информациите и шпекулациите кои се појавија во некои медиуми и електронски портали за штрајк на вработените заради неисплатениот личен доход. Именове информираме дека на сите вработени во ЈСП СКОПЈЕ им е навремено исплатен личниот доход“. велат од ЈСП.
Информации дека утрово кулминирало незадоволството на вработените во граскиот превоз има и опозицискиот СДСМ. „Безобразните трошења народни пари на раскош и луксуз од страна на Коце Трајановски и ВМРО-ДПМНЕ се одразува на егзистенцијата на граѓаните. Трајановски и ВМРО-ДПМНЕ имаат пари за панорамско тркало од 18 милиони евра а немаат за плати на оние чесно си го заработуваат парчето леб. СДСМ бара Град Скопје и ЈСП Скопје веднаш да обезбедат плати за вработените во претпријатието“, велат од СДСМ.