22 Јуни, 2025
0.0295

ВРАБОТЕНИТЕ ВО КХВ СО „ДЕБЕЛИ КОНТА“ – годишниот извештај покажува дека имаат солидни примања, годинава може да очекуваат и покачување

Објавено во: Економија 09 Јуни, 2025 10:33

Добивај вести на Viber

Раст на трошоците за вработените, но намалување на вкупните материјални трошоци за оваа година планира Комисијата за хартии од вредност. Согласно последниот годишен извештај на КХВ, вработените во оваа институција можат да бидат задоволни од своите позиции.

Грубите пресметки велат дека тамошните работници имаат месечен бруто прилив од 2.000 евра, што со оглед на состојбите во нашата земја воопшто не е за потценување. Секако, се подразбира дека не сите вработени имаат еднакви примања, и дека раководството има повисоки, а останатите вработени помали плати.

Годишниот извештај на КХВ открива дека во текот на минатата 2024 година за бруто плати и надоместоци согласно колективен договор биле планирани 45 милиони денари, а реализирани 37.489.987 денари.

Групата поделба на планираните средства на 26 вработени во Комисијата за вкупно 12 месеци вели дека би добиле по 1.950 евра бруто плата.

За оваа година оваа институција само за плати за вработените планира да потроши 50 милиони денари или 813 илјади евра. Растот на сумата планирана за плати сугерира дека оваа година вработените во оваа институција ќе имаат уште повисоки плати, а во документот доставен во Собранието е посочено дека предвиден е раст на трошоците за вработените за тековната 2025 година за 11 проценти во однос на минатата година.

- Тука се вкалкулирани вкупниот износ на бруто платите и надоместоците за вработените и останатите трошоци и надоместоци во согласност со Законот за работни односи, Колективен договор на ниво на гранка и Колективен договор на ниво на работодавач. Износот на трошоци за вработени е зголемен, имајќи предвид дека во текот на 2025 година ќе биде донесена нова систематизација и организациска поставеност на вработените во Комисијата и паралелно на тоа ќе отпочне примената на новите закони од областа на пазарот на капитал, што неминовно ќе доведе до потреба од здржување и зајакнување на човечките ресурси на институцијата заради ефикасна и навремена имплементација на сетот од законски решенија – пишува во документот доставен до пратениците.

Воедно во него е посочено дека се планира и зголемување  на трошоците за надворешни членови на комисијата за 9 проценти, како и на нематеријалните трошоци за 4 отсто во споредба со минатата година.

Сепак од друга страна вкупните материјални трошоци на КХВ за оваа година ќе се намалат за 17 отсто во споредба со минатата година.

-  Вкупните расходи – потребни средства за исполнување на планираните обврски и активности во 2025 година изнесуваат 87,5 милиони денари, што претставува зголемување од 4 отсто во однос на одобрените расходи за 2024 година. Трошоците за 2025 година се проектирани врз основа на реализираните трошоци во 2024 година – се посочува во извештајот, на кој е потпишана новата претседателка на одборот Бујаре Абази, која дојде на местото на Нора Алити.

За потсетувње, Абази дојде на местото на Алити од пролетва, откако претходно Алити поднесе оставка од позицијата. Согласно законите Комисијата се составена од пет комисионери – членови од кои еден е претседател.

Функцијата претседател може да престане единствено со поднесување оставка на претседателот или негово разрешување од страна на Собранието, кое е надлежно и да го именува.

Абази има над 20 години работно искуство, од кои најголем дел до Македонска пошта. Се до изборот како претседателка на КХВ, таа била во редовен работен однос на неопределено време во Пошта на Македонија

Работела како советник на генералниот директор, инспектор за внатрешна контрола, како и генерален директор на АД Пошта. Има работено и во Секторот за економско и финансиско работењето и бројни други функции. 

Јавноста ја памети Абази и како директорката на Пошта, која на таа позиција дојде на почеток на 2023 година, но беше разрешена откако се појавија информации дека и покрај доцнењето на платите во АД Пошта, донела одлука да се зголемат платите на раководните функции, меѓу кои и нејзината. 

Во моментите на разрешувањето, медиумите пишуваа дека Абази била и потпретседател на Алијанса на Албанците од скопските редови.

П.О.

Можеби ќе ве интересира

ИНВЕСТИЦИЈА ВО ВРЕДНОСТ ОД 5 МИЛИОНИ ЕВРА: „ја враќаме надежта за развој на јужниот крај на Македонија“- изграден автопатот Гевгелија - Богданци

ИНВЕСТИЦИЈА ВО ВРЕДНОСТ ОД 5 МИЛИОНИ ЕВРА: „ја враќаме надежта за развој на јужниот крај на Македонија“- изграден автопатот Гевгелија - Богданци

ИРАНСКИОТ ПАРЛАМЕНТ ГЛАСА ЗА ЗАТВОРАЊЕ НА ХОРМУТСКИОТ ТЕСНЕЦ: А тој е апсолутно неопходен за светската трговија со нафта

ИРАНСКИОТ ПАРЛАМЕНТ ГЛАСА ЗА ЗАТВОРАЊЕ НА ХОРМУТСКИОТ ТЕСНЕЦ: А тој е апсолутно неопходен за светската трговија со нафта

ГЛОБАЛНИТЕ АКЦИИ ПАЃААТ ПОРАДИ ЕСКАЛАЦИЈАТА НА БЛИСКИОТ ИСТОК: Инвеститорите стравуваат од поширока криза

ГЛОБАЛНИТЕ АКЦИИ ПАЃААТ ПОРАДИ ЕСКАЛАЦИЈАТА НА БЛИСКИОТ ИСТОК: Инвеститорите стравуваат од поширока криза

ЗБОГУМ НА ЛЕГЕНДАТА: Последните 55 единици пристигнаа во Европа – го нарекуваат „модел за збогум“

ЗБОГУМ НА ЛЕГЕНДАТА: Последните 55 единици пристигнаа во Европа – го нарекуваат „модел за збогум“

ТРИПУНОВСКИ ЌЕ ГИ ВРАЌА МЛАДИТЕ ДА СЕ ВРАТАТ ВО ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО: Вели дека имаат сет мерки за тоа

ТРИПУНОВСКИ ЌЕ ГИ ВРАЌА МЛАДИТЕ ДА СЕ ВРАТАТ ВО ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО: Вели дека имаат сет мерки за тоа

ПОЧИНА ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ АМЕРИКАНСКИ БАНКАРСКИ БИЗНИСМЕНИ: Тој го создаде FedEx и заработи милијарди

ПОЧИНА ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ АМЕРИКАНСКИ БАНКАРСКИ БИЗНИСМЕНИ: Тој го создаде FedEx и заработи милијарди

ДО СРЕДИНА НА ЈУЛИ ПРИСТИГНУВААТ 120 АВТОБУСИ: Ќе стигнат со станици за полнење

ДО СРЕДИНА НА ЈУЛИ ПРИСТИГНУВААТ 120 АВТОБУСИ: Ќе стигнат со станици за полнење

ДОМИНАНТНИОТ ГЛОБАЛЕН СОПСТВЕНИК ПОСЕДУВА ПОВЕЌЕ ОД 8.000 ТОНИ ЗЛАТО: Вреди неверојатни 985,6 милијарди долари

ДОМИНАНТНИОТ ГЛОБАЛЕН СОПСТВЕНИК ПОСЕДУВА ПОВЕЌЕ ОД 8.000 ТОНИ ЗЛАТО: Вреди неверојатни 985,6 милијарди долари

АВТОМОБИЛИ ЈА ВОДАТ ГЕРМАНИЈА ОД КРИЗА? Нарачките растат, производството на возила ја извлекува економијата од рецесија

АВТОМОБИЛИ ЈА ВОДАТ ГЕРМАНИЈА ОД КРИЗА? Нарачките растат, производството на возила ја извлекува економијата од рецесија