Враќање на отпишаните: Kако ТЕЦ „Неготино“ од ладна резерва стана златна резерва?
Објавено во: Економија 29 Ноември, 2021
Пазарните цени на електричната енергија на регионалните берзи и домашниот континуиран недостиг на домашна струја од термоблоковите на РЕК Битола на голема врата го враќаат во игра заборавениот и по многумина отпишан мазутар ТЕЦ „Неготино“...
ТЕЦ Неготино е најмaлата и најмалку користена термоцентрала во Македонија. Според официјални достапни податоци од 1995 година до 2008 година произвела вкупно 1.385 гигаватчасови струја (за да биде појасно тоа е количина што само еден блок на РЕК во добрите денови ја произведувал за само една година). Последната година во која ТЕЦ Неготино работи на потребите на електроенергетскиот систем е 2008 -та кога е ангажиран во месеците јануари и февруари.
Според официјалните информации од пред неколку дена Владата даде дозвола на ЕСМ да го ангажира ТЕЦ-от (читај да му го плаќа мазутот и да му ја превзема произведената струја). МЕПСО веќе му ги плаќа трошоците за плати на повеќе од 200 вработени и одржување на постројките и за тоа издвојува над 3 милиони евра годишно.
Е сега за промена од досега, вработените на ТЕЦ Неготино освен што одеа на работа ќе треба и да ја стартуваат термоелектраната и да почнат да произведуваат струја.
Владата објави дека централата ќе произведува еден мегават струја по цена од 150 евра и тоа доколку работат двата котли со полн капацитет. А тоа е најрационалното работење. Според тогашната регулирана цена на мазутот , за која медиумите објавија дека била 36 денари за килограм, излегува дека ТЕЦ-от може да произведе еден мегаватчас струја со потрошени 250 килограми мазут. Што би значело дека за 24 часа производство т.е. еден ден на ТЕЦ Неготино ќе му требаат околу 1.100 тони мазут.
Со оглед на последните пазарни цени на струјата на берзите во регионот каде за испорака ден однапред за еден мегаватчас струја се плаќа најмалку 250 евра (во просек) цената на ТЕЦ- от е повеќе од конкурентна. Особено затоа што мора да се има во предвид и дополнителната заштеда која се прави ако македонскиот електроенергетски систем не превзема струја од соседите. Во случај на превземање од соседните системи МЕПСО добива фактура од ЕНТСО Е и мора да им наплаќа пенали т.е казни на производителите или снабдувачите кои не обезбедиле количества струја како што најавиле дека ќе предадат во мрежата. Во тие случаи согласно со правилата МЕПСО мора да им ја наплати струјата по цена како што во тој час на превземање била на унгарската берза ХУПЕКС при тоа зголемена за одреден коефициент кој може да биде и до 40 отсто повеќе од цената за дадениот час. Од ова и произлезе потребата Владата на МЕПСО да му даде една милијарда денари за плаќање на тие фактури.
Со оглед на овој важен факт за поздравување е одлуката на Владата за старт на мазутарот од Неготино. Исто како што е на место и критиката зошто не е стартуван и досега оти ќе заштедеше пенали кои сега мора да ги платат најголемиот домашен производител и неколку снабдувачи со електрична енергија кои не ги остварија најавените планови за предавање количина енергија во мрежата на МЕПСО.
Од што зависи цената на ТЕЦ Неготино?
Речиси без исклучок цената на оваа термоцентрала која за еден ден на мрежата на МЕПСО може да даде 4.300 мегаватчасови струја зависи од регулираната цена на мазутот. Согласно со законските овластувања Регулаторната комисија за енергетика е надлежна да ја утврди цената на мазутот М-1 НС. Според последната одлука на РКЕ достапна на нивната веб страница малопродажната цена на килограм мазут е 42,1 денари.
Во таа цена учествуваат : највисоката набавна цена која може да изнесува најмногу до 32,06 денари, трговската маржа која не може да биде повисока од 2 денари за кило мазут, 0,7 денари се наменети за фондот за заштита на животна средина од штетните влијанија на соговорувањето мазут и акцизата која учествува со само 0,1 денар за килограм. Тука е надоместокот за задолжителни резерви од нафтени деривати на кој се плаќаат 0,74 денари за секое кило мазут.
ДДВ- во цената на кило мазут сега учествува со 7 денари. И оваа давачка која на ТЕЦ Неготино може да му даде важна улога како производител на струја. Затоа што ако цената на берзите остане над 230 евра за мегаватчас, а со престојната зима тоа е многу извесна реалност Владата ќе може со чиста совест да му предложи на Собранието и да донесат мерка во услови на енергетска кризна состојба со која на определено време можат да укинат ДДВ на мазут за потреби на ТЕЦ Неготино и со тоа да му ја намалат цената на произведената струја за дополнителни 18 отсто. Во овие услови на одобрување би наишла и одлука за времено укинување на акцизата што цената на кило мазут ќе ја намали и за дополнителни 3 отсто. Добра тема за Крешник Бектеши министерот за економија кој во води кризниот штаб за справување со енегетската криза.
И покрај тоа што ТЕЦ Неготино не работел повеќе од 10 години и ќе има специфики за негово стартување сепак мора да се има во предвид дека опремата не е амортизирана затоа што работела многу кратки временски интервали. Што секако е дополнителна предност во проценка на оперативните ризици на пример во споредба со трите блока на РЕК Битола чија амортизација од поодамна надмина 100 отсто.
Голем минус на ТЕЦ НЕготино е загадувањето што се предизвикува со согорување на мазут и пред се ослободувањето сулфур, но во овие услови за жал поважно е да се задоволат потребите за доверливо снабдување со струја на сите потрошувач.
A.T.* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.