ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Ќе има ли стабилизација на времето
Објавено во: Македонија 21 Јуни, 2019
За денеска синоптичарите не предвидуваат дожд во Скопје и во централните делови на земјата, додека во источните и западните делови од државата се очекува дожд.
Денешниот 21 јуни според управата за хидрометеоролошки работи не очекува сончево време и потопло со мала до умерена облачност. Во крајните западни и источни делови на земјата ќе има услови за изолирана појава на пороен дожд и грмежи.
УВ индексот ќе изнесува 8.
Дневните температури на воздухот ќе се движат од 24 до 35 степени целзиусови. Во главниот град денес се очекуваат максимални 33 степени.
Според УХМР утре и во сабота ќе преовладува сончево и топло време со услови за изолирана појава на пороен дожд и грмежи.
Додека во недела попладне и во следните денови повторно на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи.
Во последниот ден од неделата ќе дува повремено засилен југозападен ветер, а од понеделник ветерот ќе се промени во северен и тоа ќе услови опаѓање на температурата за неколку степени.
ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Ќе има ли стабилизација на времето