Временска прогноза за наредните четири дена
Објавено во: Македонија 09 Август, 2018
Во Македонија времето денеска ќе биде сончево и топло. Попладне во планинските предели ќе има ретка појава на краткотраен дожд и грмежи и ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Утринската температура ќе се движи од 12 до 21 степени, дневната температура од 27 до 36 степени, а УВ индексот ќе биде осум.
Во Скопје ќе биде сончево и топло, попладне ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд и грмежи, со утринска температура до 19 степени, а дневна до 35.
Утре ќе има изолирана појава на нестабилност, главно во планинските подрачја, а кон крајот на денот и в сабота ќе има поизразена нестабилност, на места со пообилен пороен дожд, засилен ветер и услови за појава на град. Во недела ќе има локален пороен дожд и ретки грмежи.