05 Мај, 2024
0.0244

ВРТОГЛАВИ ЦИФРИ: Колку пари прават на час големите милијардери и познати личности

Објавено во: Економија 27 Август, 2018

Добивај вести на Viber

Кога станува збор за пари, некои луѓе се посебна категорија сами по себе. Од бизнисмени и технолошки магнати до личности и спортисти, „Бизнис инсајдер“ го разгледува приходот на 16 од најбогатите и најпознати луѓе во Америка и пресмета колку пари заработуваат на час.

За да се пресмета заработката по час, се користат податоци од годишните профити на компаниите кои претприемачите ги управуваат и во кои се акционери, како и податоци за нето богатство на секој поединечен учесник врз основа на оценките на Forbes. Податоците се од 2017 и 2018 година. Потоа износот се поделува на 8760 - часовите во годината.

Џеф Безос, Марк Зукерберг и Алис Волтон се тројцата кои единствено заработуваат повеќе од 1 милион долари на час, благодарение на нивните годишни приходи од милијарди.

Безос, кој е најбогат човек на светот со богатство од над 150 милијарди долари, заработува 4 474 885 долари на час. Тоа е приближно 157 пати на просечната годишна плата на вработените во Amazon, која е 28 466 долари.

Останатите шестмина во листата на милијардери (видете на сликата) заработуваат шест цифри - суми на час - од Ворен Бафет, кој заработува 958 904 долари на час, до Мег Витман, поранешен извршен директор на Hewlett Packard, која прави 102 739  долари на час. Лари Пејџ од Google е во средината на листата со 924 567 долари на час.


Листата на познати личности е предводена од Џорџ Клуни, кој прави по 27,283 долари на секои 60 минути. Ова не е изненадување со оглед на тоа дека тој е најплатениот актер според листата на Форбс за 2018 година.

Кајли Џенер не е далеку зад Клуни, со приходи на час од 19 006 долари. Тоа значи дека Џенер заработува една просечна плата во САД од 45 552 долари, според податоците на Бирото за труд и статистика, само за 2,38 часа.

Елен Деџенерис, Леброн Џејмс, Тејлор Свифт и Бијонсе се единствените луѓе во листата кои заработуваат четирицифрена сума на час - но тоа сепак е повеќе отколку што повеќето луѓе го заработуваат само за еден месец.


Најдобрите тројца заработуваат меѓу 9.000 и 10.000 долари на час, а Бијонсе е последна со износ од 6.849 долари на час.


Можеби ќе ве интересира

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?