19 Мај, 2024
0.0300

„Всичко е наред“ - Македонија го ратификуваше Договорот со Бугарија

Објавено во: Македонија 15 Јануари, 2018

Добивај вести на Viber

61 глас „за“ и еден „воздржан“ пратеник, народните избраници му дадоа зелено светло на договорот со соседна Бугарија.

Ратификацијата на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Македонија и Бугарија помина во Собрание без премиерот Заев, со воздржаност од Ферид Мухиќ и со неприсуство на опозицијата. 

Иако пратениците од ВМРО ДПМНЕ во последно време ги ублажија критиките за овој договор, сепак поради бојкотирањето на работата на Собранието не беа дел од ова ратифицирање.

Договорот беше потпишан од премиерот Зоран Заев и неговиот колега Бојко Борисов на 1 август 2017 во Скопје.

Договорот, во согласност со Уставот на Република Македонија, е потпишан на македонски јазик, а исто така, во согласност со Уставот на Република Бугарија, е потпишан и на бугарски јазик. Потпишувањето на Договорот за добрососедство, пријателство и соработка, кој од страна на премиерите беше оценет како историски момент, отвора перспективи за двете земји за интензивна и цврста соработка на билатерален и мултилатерален план, унапредување на транспортните врски и комуникации, олеснување на царинските и граничните формалности, издвојување средства за регионални инфраструктурни и прекугранични проекти, олеснување на контактите меѓу граѓаните на двете држави, како и силна поддршка на Бугарија за евроатлантските аспирации Македонија.

„Затворивме прашање со кое го трасиравме патот на пријателството и добрососедството. Договорот е во заемен интерес за политичка стабилност во регионот. Договорот покажува дека минатото може да биде темел на идната соработка. Договорот го отвора патот за соработка и развој на двете држави и е модел за соработка во регионот и пошироко. Владата на РМ се определи за политика на решавање, а не за политика на создавање проблеми. Затоа, Договорот е порака до ЕУ и до НАТО дека земјите во регионот имаат раководства кои се однесуваат европски, а нивните земји заслужуваат европска перспектива. Бугарија со ова станува сојузник на Македонија на патот кон ЕУ и НАТО“, нагласи премиерот по официјалното потпишување на Договорот за добрососедство, пријателство и соработка во август.

Што се содржи овој договор читајте тука.

Можеби ќе ве интересира

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево