Скопјанец без возачка дозвола со мотор удрил 10-годишно девојче пред училиште во Чаир
Објавено во: Македонија 26 Април, 2025 16:53
Основното јавно обвинителство Скопје информира дека 33-годишен возач на мотоцикл е осомничен за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот откако вчера удрил во 10-годишно девојче на пешачки премин пред училиште во скопски Чаир.
„По десната сообраќајна лента од улицата ”Џон Кенеди” управувал моторцикл „Пиаџо Беверли ” со скопски регистарски ознаки и тоа без заштитен шлем и без да поседува возачка дозвола од “A” категорија за тој вид на моторцикл.
Кога дошол пред влезот на основното училиште “Васил Главинов”, на обележан пешачки премин не обрнал внимание на пешаците кои започнале да чекорат и кои имал обврска да ги пропуштил.
Со предниот десен дел од моторциклот удрил во телото на оштетеното 10-годишно девојче кое го поминувало коловозот на пешачкиот премин. Од ударот девојчето се здобило со тешка телесна повреда – скршеница“, објасни ОЈО.
Јавниот обвинител со цел обезбедување на осомничениот во текот на постапката предложи да му бидат определени мерки на претпазливост – забрана за напуштање на живеалиштето, обврска да се јавува повремено на определено службено лице во Судот и привремено одземање на патна исправа за преминување на државната граница односно забрана за нејзино издавање. Судот го прифати предлогот и ги определи мерките.
Можеби ќе ве интересира
Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески
ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро
ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца
Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија
Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено
Контрола во угостителски објекти во Куманово, затекнати малолетници после 24:00 часот
Од 9 часот не работи радарот за контрола, полетувањата и слетувањата ќе доцнат по час и половина
Осум повредени завршија во болница по сообраќајна незгода на патот Гостивар-Тетово




