19 Мај, 2024
0.0280

Вучиќ: Србија може да ги искористи заладените руско-турските односи

Објавено во: Балкан 28 Декември, 2015

Добивај вести на Viber

Србија има многу планови за зајакнување на економската соработка со Русија во сите области, коментирал премиерот на земјата, Александар Вучиќ за агенција „Спутник“. Во интервјуто објавено на сајтот на Агенцијата, тој коментирал дека Србија може да извлече корист од затегнувањето на односите помеѓу Анкара и Москва.

Вучиќ посочил дека во однос на земјоделските стоки Србија успеала да го заземе својот пат на рускиот пазар, а потоа санкциите против Турција - можностите ќе бидат уште поголеми. Потсетуваме дека претходно денеска вицепремиерот Аркадиј Дворкович коментирал дека Русија ќе ги прошири санкциите против Анкара.

Српскиот премиер сепак наведува дека напорите треба да се насочени кон извоз на преработена храна, а не толку на суровините - јаболка или домати, кои сега Србија ги извезува кон Русија.

Очекувањата се дека овие детали ќе бидат регулирани за време на посетата на вицепремиерот на Русија, Дмитриј Рогозин во Белград. Тогаш ќе бидат разгледани и можностите за заеднички вложувања во различни области, како што се градежништвото, навлегување на руски инвестициски фондови во Србија, како и долгорочни договори за испораки на прехранбени производи за руската армија, посочил уште Вучиќ.

„Сè е на масата, во сите области на општествениот живот се отворени прашањата на нашата соработка“, изјавил тој. Српскиот премиер го посочил примерот за заедничката работа во областа на индустријата, земјоделството и воената индустрија - поправка на руски хеликоптери и др.

Во 2015 година имавме многу проблеми - и ние, и Русија, со курсот на валутата и тешки проблеми кои ги наследивме од 2014 година“, забележал уште српскиот премиер и додал дека се надева дека во 2016 година ќе биде подобра. Постигнувањето на договор со Русија ќе биде од огромно значење за Србија и ќе помогне за зајакнување на стоковата размена, дополни Вучиќ.

Вучиќ коментирал уште и за претстојната посета на рускиот премиер Дмитриј Медведев во Србија. Таа е предвидена за април 2016 година и ќе биде од големо значење за понатамошната соработка и сигнал за подобрување на односите помеѓу двете земји, посочил уште српскиот премиер.

Можеби ќе ве интересира

Поради Рамштајн цените за сместување во Белград отидоа до небо! Ноќевање на некои места достигнува и до 80 000 динари, ден по концертот истите едвај се 5000

Поради Рамштајн цените за сместување во Белград отидоа до небо! Ноќевање на некои места достигнува и до 80 000 динари, ден по концертот истите едвај се 5000

АТЕНТАТОРОТ ГОРД НА СВОЈОТ ЧИН: Поетот кој пукаше во премиерот на Словачка изведен пред суд

АТЕНТАТОРОТ ГОРД НА СВОЈОТ ЧИН: Поетот кој пукаше во премиерот на Словачка изведен пред суд

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс

(ФОТО) Како изгледала евакуацијата на патниците од возовите кои се судрија во тунелот

(ФОТО) Како изгледала евакуацијата на патниците од возовите кои се судрија во тунелот

СЕ СУДРИЈА ВОЗОВИ ВО БЕЛГРАД: Повредените се на длабочина од 400 метри во тунелот

СЕ СУДРИЈА ВОЗОВИ ВО БЕЛГРАД: Повредените се на длабочина од 400 метри во тунелот

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

ТИРАНА ГО ПОВИКА СРПСКИОТ АМБАСАДОР НА РАЗГОВОР: Ги налути изјавата на Вулин дека Србите можат да ја спречат Голема Албанија

ТИРАНА ГО ПОВИКА СРПСКИОТ АМБАСАДОР НА РАЗГОВОР: Ги налути изјавата на Вулин дека Србите можат да ја спречат Голема Албанија

УЧЕНИЦИТЕ БЕГАА ОД СТРАВ: директорката на училиштето за хаосот кој настана откако полуматуранти запалиле факел

УЧЕНИЦИТЕ БЕГАА ОД СТРАВ: директорката на училиштето за хаосот кој настана откако полуматуранти запалиле факел