ВУЧИЌ ЧЕСТИТАШЕ: За него Хандке има неспоредливи морални квалитети, храброст и достоинство
Објавено во: Балкан 10 Декември, 2019
Српскиот претседател Александар Вучиќ, му честиташе на писателот Петер Хандке, кој денеска ја доби Нобеловата награда за литература.
Вели дека Хандке е награден со Нобел за „извонредната литературна работа, знаење и креативност“, но и за „неспоредливи морални квалитети, храброст и достоинство“.
„Србија ве смета за вистински пријател. Дозволете ми да кажам дека Нобеловата награда за вас, ја сметаме како да сме ја добиле самите ние. Сега, освен Иво Андриќ, имаме уште еден нобеловец“ - изјави Вучиќ.
Церемонијата во Стокхолм ја бојкотираат неколку земји, меѓу кои и Босна и Херцеговина, Косово, Албанија, Хрватска, Турција и Македонија, поради неговите ставови кон војните на просторите на поранешна Југославија и поддршката која му ја давал на поранешниот српски претседател Слободан Милошевиќ.
Хандке е австриски писател. Роден е во 1942 година, а израснал во Источен Берлин и во Грифен. Студирал во Грац, а летото 1965 година ги напуштил студиите за потполно да му се посвети на пишувањето. Живеел во повеќе места и земји: Грац, Диселдорф, Берлин, Париз и САД. Тој бил голем пријател на Србија и Србите, а одржал говор и на погребот на Милошевиќ.