27 Април, 2024
0.0270

Вучиќ даде одговор кого ќе помилува

Објавено во: Балкан 22 Март, 2019

Добивај вести на Viber

Српскиот претседател, Александар Вучиќ даде одговор дали и кого ќе помилува по протестите и упадот во РТС. 

Србија е во исчекување на аболицијата на претседателот, Александар Вучиќ, што ќе влијае на натамошните чекори на опозицијата и на протестите, јави дописникот на МИА од Белград.

Вучиќ денеска изјави дека има намера утре да го разгледа помилувањето, но и дека нема целосно такви овластувања.

„Одделни лица се казнети прекршочно, а за други се води преткривична постапка. Јас, во самата кривична постапка, а не само по пресудата, имам право на носење одлука за помилување. Но, во прекршочна постапка такво право немам“, изјави Вучиќ. 

Тој додаде дека се надева и сака лицата кои се осудени прекршочно да бидат ослободени во второстепената и апелациска постапка, бидејќи смета дека се „одговорни оние кои ги имаат злоупотребено“.

Вучиќ на прес-конференцијата изјави и дека државата нема да дозволи упад на ТВ Пинк и блокада на сообраќајниците, како што најави денеска лидерот на опозициската десничарска партија Двери, Бошко Обрадовиќ.

Говорејќи за можна блокада на патиштата, Вучиќ изјави дека опозицијата „може само да се обиде да ги блокира“.

Српскиот министер за внатрешни работи Небојша Стефановиќ во пресрет на утрешните саботни протести „Еден од пет милиони“, денеска изјави дека секој има право мирно да протестира во Белград и низ цела Србија, но дека полицијата никому нема да дозволи блокади на авопатите или упад во телевизиите. 

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) ВИДЕОТО СТАНА ХИТ: Телохранителот му даде чешел на Ердоган

(ВИДЕО) ВИДЕОТО СТАНА ХИТ: Телохранителот му даде чешел на Ердоган

ТОМА ФИЛА ЗА ДАНКА: Добро би било да го најдат детето, но не верувам дека тоа ќе се случи

ТОМА ФИЛА ЗА ДАНКА: Добро би било да го најдат детето, но не верувам дека тоа ќе се случи

ПИЛИ, НОЖЕВИ, ЛОПАТИ... Од куќата на убиецот Данка Илиќ одземени се десетици предмети: Сите испратени на вештачење, а ова е детален список за тоа што зела полицијата

ПИЛИ, НОЖЕВИ, ЛОПАТИ... Од куќата на убиецот Данка Илиќ одземени се десетици предмети: Сите испратени на вештачење, а ова е детален список за тоа што зела полицијата

НА ПАЗАРИТЕ ВО СОСЕДСТВОТО ОТКРИЕНА ЛАЖНА „ПЛАЗМА“: Разбиен огромен синџир на продажба на фалсификувани производи

НА ПАЗАРИТЕ ВО СОСЕДСТВОТО ОТКРИЕНА ЛАЖНА „ПЛАЗМА“: Разбиен огромен синџир на продажба на фалсификувани производи

РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА СРЕБРЕНИЦА ГО „ТРЕСЕ“ БАЛКАНОТ - наместо да го помири регионот како што предлагаа клучни спонзори од Западот

РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА СРЕБРЕНИЦА ГО „ТРЕСЕ“ БАЛКАНОТ - наместо да го помири регионот како што предлагаа клучни спонзори од Западот

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

СРБИН МОЛИ ПУТИН ДА МУ ПОМОГНЕ: Се борел во Украина, а не добил руско државјанство

СРБИН МОЛИ ПУТИН ДА МУ ПОМОГНЕ: Се борел во Украина, а не добил руско државјанство

УПАТЕНИ НА ПСИХИЈАТАР ВО БЕЛГРАД: Убијците на Данка одат на вештачење

УПАТЕНИ НА ПСИХИЈАТАР ВО БЕЛГРАД: Убијците на Данка одат на вештачење

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната