ВУЧИЌ ДО БУГАРИТЕ: Ни замеруваат што ние сме многу попопуларни од нив во Македонија
Објавено во: Балкан 27 Ноември, 2023 17:02
Српскиот претседател Александар Вучиќ ги пофали односите со Македонија.
Претседателот Вучиќ вели дека Бугарите им замеруваат што тие се многу попопуларни од нив во Македонија.
Тој изјави дека ги подобриле односите со сите соседи освен со Хрватска и дека историски Србија има најдобри односи со Македонија.
„Бугарите ни замеруваат што ние сме многу попопуларни од нив во Македонија. Што да правам јас. Со Хрватска ќе имаме подобри односи во иднина кога ќе сфатат дека Јасеновац е срамота, а нешто што треба да се заборави. Со Албанија имаме добри, пристојни односи со оглед на прашањето за Косово и Метохија кое тие го викаат само Косово“, рече Вучиќ во синоќешната емисија „Хит твит“.
Кажа дека многу му се допаѓаат македонските вина, но дека не сака да издвои кое вино му е омилено.Истражувањето на Центарот за европски стратегии „Евротинк“ објавено годинава покажа дека македонските граѓани за најголем пријател ја сметаат Србија. Од друга страна, за најголема закана ја сметаат Бугарија. На повеќе анкети, мнозинството граѓани изјавувале дека Србија е најголем пријател на Македонија.
Можеби ќе ве интересира
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии
Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни
Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата
Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени
Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството
(ВИДЕО) Вучиќ добил порака од Москва - како реагираше Фон дер Лајен?




