20 Декември, 2025
0.1162

ВУЧИЌ ДО КЛАРК: Србија никогаш повеќе нема да биде ничиј плен, како во 1999 година!

Објавено во: Балкан 10 Јули, 2024 19:56

Добивај вести на Viber

Српскиот претседател Александар Вучиќ вели дека Србија не е и нема да биде плен како во 1999 година. Вучиќ му одговори на некогашниот американски генерал Весли Кларк, кој во интервју за Си-Ен-Ен синоќа ја обвини Србија дека бара руска поддршка и овластување за територијално да се прошири на Косово и да почне нова војна на Балканот.

„Морам да кажам дека никого не допираме, но Србија никогаш повеќе нема да биде ничиј плен, како во 1999 година! Денес Србија е сериозна и одговорна земја, сака мир, но нема да дозволи никој да му ја загрозува слободата на нашиот народ“, нагласи Вучиќ.

Српскиот претседател вели дека Србите не се ничии пиони. 

„Бидејќи не сме Руси, ниту Американци. И никогаш нема да бидеме. Тука живее слободарски народ, кој ја ценел и загинал за својата слобода. Слободата е најскапоцена и добро би било тој (Весли Кларк) да ја совладаше таа лекција и во 1999 година. Но, на некои луѓе им проаѓа цел живот, а не ги учат лекциите. Србија не ѝ служи на ниту една голема сила, туку само на својот народ“, рече Вучиќ.

Кларк, кој беше генерал во 1999 година кога НАТО ја бомбардираше Србија, во интервјуто за Си-Ен-Ен предупреди за можна војна на Балканот доколку Русија не биде сопрена во Украина.

Српскиот премиер Милош Вучевиќ реагирајќи на изјавата на косовскиот премиер Албин Курти за Си-Ен-Ен порача дека Србија не прекршува ниту еден меѓународен договор, документ, ниту резолуцијата 1244 на Обединетите нации, а воените бази на српската армија со години се наоѓаат на истото место, јави дописникот на МИА од Белград.

Можеби ќе ве интересира

Софија издаде конкретна мерка против загадениот воздух - викенд зелена карта

Софија издаде конкретна мерка против загадениот воздух - викенд зелена карта

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај